За да можеш да имаш поврат на данок треба веќе да се имаш регистрирано во УЈП. Ако веќе некогаш се имаш регистрирано во УЈП тогаш само пријави се на апликацијата со трансакциската сметка и скенирај.
Си скенирам редовно. Имам направено профили и на моите родители. И скенирам и во нивно име. На три месеци по 1800ден плус минус си зимаме
Браво! За да земете по 1800 ден по лице за едно тромесечие треба да направите промет од околу 120.000 ден. И кога сите тројца ќе направите по 120.000 ден тоа значи дека за тие три месеци сте потрошиле околу 6.000 евра, т.е 2.000 евра месечно. Плус сметки, кредити ако се има... Јас се откажав од скенирање. Многу работа ми се виде тоа скенирање за мочани 500 ден месечно
Мене па полесни пари од ДДВ ми нема. Да земам по 1000 денари само од скенирање ми е нешто наједноставно и практично.
Да скенира еден во семејството може се исплати ама ако скенираат двајца, тројца ни 300ки некогаш не можиш да ги напрајш.
Јесте точно е ова. Ама има фискални гага. Од бензински, маркети. Па така се исполнува лимитот. Без да потрошиш 6.000€
Јас имам другар што работи на бензиска, од кога го имам него 1800 денари ги скенирам за 3 дена, и на комшики дури давам фискални и они да си скенираат. Тоа што не сте се снашле за фискални некој да ви дава, не значи дека секој треба да прави промет од 2000€ за да добие 1800 денари. Јас почнав да ги скенирам само тие над 1000 денари сметки што се, не ми се малтретира со сметки од 200-300 денари како на почетокот што правев..
Снаодливи, ама ако тропне еден ден УЈП на врата ќе биде "не сам знајала" сосе плачките. @нина122 сите податоци од сметката вклучувајќи ги и податоците од фирмата чии сметки ги скенираш си стојат трајно снимени. Освен ако имаш 10 возила и можеш да го оправдаш трошењето на бензин, не би се радувала на тие пари да сум на твое место. Како што популистички ја воведоа можноста за враќање ДДВ, исто толку лесно и пак за популистички цели може да кажат еден ден "дај да видиме кој сѐ прави даночен криминал и да ги испоказниме, ќе биде одлична сторија за вестите навечер".
Ујп да тропне на врата не знам дали сте свесни дека во Северна Мк живеете, не во нормална земја каде што се почитува се, ујп ги заболе ние од кај скенираме , едвај чекаат да им помине работното време и дома, извинете вака...
Нема никаков криминал ако сите роднини мене ми ги даваат сметките од нафта што ставаат. Данокот на таа нафта е платен, што им е битно на ујп дали јас ја скенирам сметката или баба ми.
Сметки од гориво креваат ептен , од цигари исто , мислам и од алкохол креваат. Пазарување од маркет ништо не крева намирниците. Исто градежни материјали креваат убаво на ддв. Има многу работи овие дел се само. Ако секој трошеше 2000€ далеку ќе беше државата
Цела држава се среди, па дошло на ред даночен криминал да се бара од луѓе со минимална плата или невработени.
Да, на вработените во УЈП не им е гајле, тука си во право, они само примаат наредби од горе и извршуваат. Не ви кажав да не скенирате, скенирајте си слободно, па ако треба докажувајте се, гледам спремни сте. Баш затоа што сум свесна кај живеам знам дека сѐ може. Како заборавивте кој и на кој начин се казнуваше до пред некоја година? Тој законот за потекло на имот што го спремаат што мислите за кој е? За комшиите сигурно не, ако не ви се верува прашајте во Грција како купуваат коли и имот.
Дај не тропај молим те, законот е за потекло на имот над 30 илјади евра, што имаат врска фискалниве со тоа? Зошто би ти барале потекло на сметката со улошките и кондомите? Целата фора со скенирањево е борба со сива економија, да издаваат фискални фирмиве за државата да лапа данок а не ко порано да ти бутне пусулче пишано со пенкало и прометот у џеб.
Како што напиша една членка претходно, кој ќе докаже дека фискалните не си ги нашла во канта, некаде по пат? Или дека твоите најблиски баби, стрини, вујни ги берат од цела недела фискалните и ти ги даваат на крај тебе за ти да ги скенираш, што реално, верувам дека се случува кај повеќете случаеви. Јас сум против сивата економија и целосно го поддржувам овој проект со скенирање фискални за поврат на ДДВ. Не гледам како би биле оштетени тие што скенираат. И да додадам уште нешто, баш би сакала да се врати повторно наградната игра. Убави суми се добиваа, требаше да ја продолжат.
Не ширете дезинформации , на секого му е дозволено да скенира и свои и туѓи сметки. Две години скоро поминаа, уште истите муабети ги вртите. Ако не ви се скенира и не ви значат тие пари - не скенирајте, ама не ги ругајте луѓето кои си скенираат Ако сметате дека 500 денари за пишљиви, за некого значат многу.