Леле одговарам на темава, извини, ноо што ќе ми е да ширам дезинформации? Едноставно гледам какви даночни решенија, поврати и плаќање има по ЕУ земји. Даночната контрола кај физичките лица е поголема од контролата кај правните лица кај нас. Инаку Мојддв е реплика на даночни решенија и во склоп на ЕУ регулативата која треба да ја исполниме за влез или преговори, нашите сигурно не ја измислија. Така и во таа насока е мојот коментар, ако ви пречи слободно одминете го и терајте. Никогаш не реков да не се скенира. Знам дека се охрабрија луѓето дека можат колку сакаат да скенираат, но не знам колку е паметно да правиш поврат на ДДВ од 120000 промет, а имаш приходи од 20000 месечно, додека со вашиот матичен се има увид и за двата податоци. За скенирање и јас скенирам, но само тоа што си трошам, а сигурно не трошам бензин и нафта како за 20 камиони.
Значи буквално има 0 законска забрана за ова што го кажуваш. Буквално нула. По ниеден закон, по ниеден правилник не е забрането да скенираш сметки од фамилија, од каса или од канта. Казнените закони никогаш не важат ретроактивно, во случај да им текне да скенираш само колку што имаш приход месечно, така да сето ова што го кажуваш е само булшит.
И јас на почетокот се плашев за тоа, мислев како ќе биде тоа човек со 0 приходи да скенира 120 000 илјади за три месеци, ама по ниту една законска регулатива не смеат да те казнат поради тоа, значи смеат да те казнат само ако скенираш сметка на фирма, а за се друго како да те казнат затоа што испаѓа дека имаш непријавен приход не смеат, затоа што никаде не е регулирано дека ти мораш односно смееш само твојте сметки да ги скенираш.
Ако се сомневаат дека на бензинска сум застанала и во еден ден полнам гориво во вредност од 30000 нека проверат камери на бензинска. Ке видат дека некој што полнел не ги земал а сум ги земала јас. Поентата е малите продавници да даваат фискални. Многу промет прават на црно и данок не плаќаат.
Кои лаги? Затоа што ја предупредив членката? Ако ви сече малку, ќе ви текне кои фискални остануваат по бензинските.
Добар филм си напрви, одлична тема за документарец. Сите што скенираат сметки и го собираат лимитот се снаоѓаат и собираат сметки за кои не потрошиле пари зошто ретко кој кај нас има толкава куповна моќ реално, така да сигурно нема на 90% кај народот да тропне ујп и да ги казни сите. ми се има случено во маркет продавачка пред да ги фрли сметките да ми ги понуди или пак во маркети каде работат познаници ми даваат, така да кој има желба ќе најде начин и ќе ги собере фискалните и да 500ден за некој не се ништо, но за повеќето во оваа држава се многу
Една продавачка во маалскиот дуќан прашува-ако не ја земаш сметката, дај ми ја, скенирам. На мизерна плата добро ќе и дојдат за неа и маж и 3600 на секои три месеци. УЈП има увид, ама за.платени даноци. На секоја фискална ти пишува колку данок си платил.Фактички од вкупно платениот данок кон државата тие ти враќаат назад во вид на бонус т.е. олеснување. Незнам како ви се троши муабет за тоа. Јас само еднаш стасав до 1800...кога купувавме бела техника.Маж ми исто тој месец 1800 од климите. Тримесечно сама неможам ни 350 денари да направам, ама мајка ми ми ги дава нејзините и така накачува сумата.
Убаво пишува и членката добро разбра на што мислев и на кои фискални се однесува, иако го избриша последното мислење каде си напиша какви и чии сметки скенира.
Ако успееш да собереш над 100 денари со сметките кој што ќе ги скенираш денес и утре, бидејќи утре завршува ова тромесечие ќе имаш прва исплата околу 15 Ноември.
Може ли да се регистрира некој без приходи? И, малку глупо прашање, дали секој што зема плата мора да се пријави? Нели автоматски кога се зема плата се зема нето и нема потреба од плаќање на данок на личен доход зашто тоа е дел од бруто?
Па рече од бензиска ѝ ги дава другар, а сметки од бензински ги оставаат шофери затоа што компаниите си го враќаат ДДВ то преку фактурите - бензински се исклучок каде се издава и фактура и фискална сметка на правно лице, но фискалните се само за да се прати и евидентира точењето, и истите не смеат да се скенираат. Членката ноќеска пиша и дека од камионите на чичко ѝ си скенирала, па го избриша мислењето. Важно сите скокнавте овде со навреди, да не помисли човек да ви укаже на нешто..
Ако се полни бензин во службена кола и се плаќа со картичка од фирма (така функционираат обично фирмите, па на крај на меаец им доаѓа фактура) тогаш таква сметка не смее да се скенира. Ако полнам бензин во службена кола а јас од џеб си платам па после фирмата ми исплаќа на трансакциска сметка трошок, како ќе докаже некој дали е моја фискалната или не ?
Тогаш, бензиската нема да издаде фактура, бидејќи ти како физичко лице плаќаш, а фискалната треба да ја чуваш и предадеш за да можеш да бараш надомест на тој трошок.