Ехееее колку сметки од бензинска сум скенирала, до сеа у затвор требаше да одам... Таа фискална не ја предаваш јер може си купил и цигари и појадок и мастики. Туку на патниот налог по тарифа од поминат километар ти признаваат трошоци. Службена кола никој не полни гориво со свои пари или од своја сметка.
Може било кое полнолетно лице да се регистрира. Данокот и придонесите ги плаќа фирмата, а на тебе ти исплаќа нето плата на трансакциска. Ти не плаќаш ништо во овој случај.
Да. Бензинската штом не дава фактура дека точела бензин на СК ....АУ (на пример), тогаш кој ќе открие ...нели?
А може ли да ги пријавам тие од бензиска што не даваат фискални, има вработени во една бензиска константно не издаваат фискална со оправдување дека не им работи фискалната и некој слични смешни изговори. Сигурно сметките за нив си ги собираат, а на купувачите не ни ги издаваат сметките.
Фактури издаваат само на правно лице, а ти не си ваљда исто така на патнички возила не се враќа ДДВ, така да немаш проблем. Проблемот е кога фирмата ќе го бара за поврат и физичко лице двапати за иста сметка.
Не смеат да ги скенираат тие, значи никој нема да скенира фискални за да има поврат од фирмата кај што е вработен, туку ги даваат по роднини.
Сакаш да кажеш дека на пример вработена во КАМ неможе да си скенира фискални од оние кои ги оставаат ? Незнам за каков поврат на ДДВ збориш
Колку што се сеќавам јас законот е дека не смееш нешто што оди преку фактура за плаќање да ја скенираш фискалната. Затоа и кај оние фактури (сметки) што ни ги испраќаат и кога ќе платиме се издава фискална, тие сметки не ги скенираме.
И јас така знам. А тоа фирмата ти плаќа данок на плата, здравствено и слично. На крајот на годината ти ќе поднесеш даночно пријава но кај платата ќе ти пишува дека придонеси се платени , затоа кажуваат колку е бруто, а колку нето.
Побарано е ама цело време имаат некаков изговор дека не им работи фискалната и слични некој изговори.
Знае ли некој зашто вака ми покажува? Денес почнува ново тромесечје и денес скенирав 15 сметки. Покажува како воопшто да не сум скенирала..
Ако не ти бил достигнат максимумот од 1800 за јули август и септември во тоа тромесечје ти се. Ако веќе си имала максимум од 1800 тие денес што си ги скенирала а се од септември ти пропаднале.
Извинете за малку простото прашање ама нема кој да ми објасни моите се стари во години па тука ќе прашам. Оваа година работам, а не сум регистриран на Е-ПДД. Па прашањето ми е дали морам да се регистрирам?