И јас бев цела збунета, но ете на крајот решиле во ноември да биде..Некако не ми се совпаѓаше со апликацијата каде што во три месеци би требало да спаѓаат јули, август, септември и потоа октомври, ноември, декември. Во апликацијата е вака, но во исплаќањето изгледа не е. Тотално сум збунета, не можам веќе да ги разберам, не можам крај да им фатам..
Женски, јас почнав со скенирање во септември годинава, прв пат. И сега како оди тоа со повратна парите? Знам дека е за три месеци, ама дали би ми пуштиле од септември? Имам некои 400 денари, ќе ги пуштат? Ако пуштаат може да ме упатите отприлика кога стигаат парите?
Само да прашам ова ли е линк за регистрација во УЈП, за да почнеш со скенирање на сметки? ППД (ujp.gov.mk)
Дали морам лично да отидам во Ујп и да се регистрирам или може преку интернет? За прв пат сакам да почнам да скенирам сметки. Може некој да ми објасни?
Да, одиш долу кај Регистрирај се. Ќе се регистрираш на https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/register.seam , но мора копијата од регистрацијата што ќе ти стигне на е-маил да ја однесеш ти лично во УЈП. После тоа ќе ја спуштиш апликацијата Мој ДДВ каде ќе се најавиш со твојот е-маил од УЈП, ќе ја внесиш твојата трансакциска сметка и ќе можеш да скенираш.
Да ќе ти ги пуштат , ноември ќе почне исплатата , секогаш различно пуштаат. Може после 5ти , 10ти, 15ти ноември па и декември тек да ти легнат на сметка. Многу се хаотични со исплатата. Сега од 1окт до 31 декември што скенираш (собериш) ќе си имаш исплата тек во фебруар здравје
Здраво по грешка скенирав сметка со сметкопотврда. Сакам да ја избришам пишува на сајтот дека може а неможам да најдам опција. Ве замолувам за помош, бидејки ако се појавела инспекција ке ме казнеле.