И ја тоа си помислив затоа реков бар така беше порано... Се надевам нема да се укине скроз ова со ддв.
Тоа е тенденција секогаш кога ќе се смени власта кај нас, да укинат се што вовела предходната. И сдс кога дојдоа на власт укинаа многу работи кој вмро ги воведоа.
Секако, но ова верувам нема да го "чепкаат". Не смеат. Инаку, државава ни е хаос... баш си мислам, колку сме сиромашни како народ па да се радуваме (се радувам и јас) на 1800ден. Но, ајде бар за тие пари ќе испазариме за два дена да јадеме, или да си купиме фармерчиња итн. Не би било човечно повратот да ни го укинат.
Па тоа е поентата на повратот на ДДВ, ни` ги враќаат парите за да трошиме повеќе пари, само се вртат уствари, не дека ги имаме имаме, освен ако некој не ги штеди тие пари добиени.
Ова зголемување им беше ветување на последните парламемтарни избори (лани летото).. Имаа фора година дена, па и више, ако навистина сакаа да зголемат..
Нека го укинат повратот на ддв и нека ги намалат цените ... Реално 1800 за три месеци не не вади од калта, а цените како што тргнале лебот 50 ден ќе стигни
Сега баш проверив како ми исплаќале поврат на ддв до сега, во кој дел од месецот, и испадна дека 5 пати колку што ми имаат пуштано поврат, еднаш на 24 во месецот ми пуштиле, 5 во месецот, 18 во месецот, 10 во месецот, 9 во месецот, и секогаш еден месец после завршување на тромесечието. Значи немаат одреден редослед на исплата, како им дојде.