Да. Цело време вика нема конекција до ујп. Ја вчера вечер касно околу 2 по полноќ успеав да скенирам сметки шо ми се имаа собрано. Денес па не сака, се нешто кочи.
Да ама заморно е, на секоја сметка така прави. Не знам зашто паѓа вака апликацијата толку деновиве...
Уште колку ддв ти останал што можеш да го добиеш, нели максимумот е 1800, ако имаш пример 1000 ден веќе за поврат ти остануваат уште 800. Тоа 800 е преостанато
За претходното тримесечје имам данок за враќање 1720ден. На 15.11 ми стигнаа на сметката само 155ден од страна на УЈП. Каде и како можам да реагирам, зошто не ми се вратени сите 1720ден? Направена е грешка од нивна страна. Дали некоја имала вакво искуство?
Ништо,ќе чекаш да дојде ново тромесечје,односно од јануари пак ќе можеш да скенираш.Тие пари што ти ги пишува како надминати не ти ги враќаат, односно пропаѓаат.
Давај ги сметките на некој близок што уште нема собрано. 1800 само ќе ти платат, тие 10ден се плус и не ги плаќаат. Ќе си скенираш пак од јануари.
За да се отвори нов акаунт на е-пдд мора лично да се однесе барањето во УЈП? Не се нормални, наместо се да функционира електронски они усложнуваат и замараат луѓе да одат таму.