Здраво. Си купив нов телефон, ја инсталирав апликацијата мој ддв, но проблем е што не го знам пасвордот на емаилот со кој ми е најавена апликацијата. Има ли можност за промена на маил со матичен или слично..
Email и трансакциска Ама треба прво во УЈП да направиш акаунт Него за ова тромесечие кога ќе пуштат? У јануар? Бај д веј малце ДДВ пуштаат бе, за ноември иам 463 денари а вкупен промет 40813 тоа е едвај 1.13% Лопови
Да.Тоа барањето го принташ и пополнуваш, после го носиш у УЈП ти прават акаунт и после симињаш апликацијата и тераш Со истиот меил од барањето
Здраво,сакам да скенирам па ме интересира дали мора да имаш 1800ден,или колку ќе имаш искенирано за тие 3месеци толку ти враќаат?
Мислам дека 50 ден. минимално треба да има собрано за да се исплати. Ако нема стигнато до 50, се префрлаат за следниот период на исплата.
Вака во рок од 3 месеци можеш да скенираш и за тој период можеш да добиеш максимално 1800 ден поврат на ДДВ ,а доколку имаш помалку не е проблем и да имаш 600 ден или помалку или повеќе колку ќе стигнеш толку ќе ти вратат.Мада со нашиве сметки не можеш да направиш толку поврат, Бараме по фирми кои работаат на големо и така го достигнува е тој лимит од 1800
Здраво. Што им значит ова дали знаете ? Досега сум немала ваков проблем се до завчера кога купував во аптека и денеска истото од истата аптека . А од истава фирма на аптека само на друга локација најнормално ми ја скенира сметката.
Сакам да почнам да скенирам, ме интересира дали тие пари ќе бидат оданочени односно дали ќе треба да пријавувам данок за тие пари, бидејќи сум невработена?
Чудно зато што одма ми ја дадоја сметката....Следен пат кога ќе појдам баш ќе ги прашам. Фала ви на одговори те.
здраво зошто некои сметки не се скенираат? Бар кодот не е ко што треба испечатен и што треба да правиме со ваквите сметки
Оди во УЈП, на нивните апарати за скенирање можеш да ги скенираш и сметките со оштетен бар код, ама за повеќе сметки и со поголема сума, за со помала сума не вреди..