имам повеќе сметки за скенирање од иста бензиска, но сите со оштетен баркод, и во која канцеларија во ујп треба да одам?
Го исполнив износот од 1.800 ден. за ова тримесечје пред 3 ден. Дали сметките што ми се издадени од оваа недела може да ги скенирам на 1-ви или нема да важат зашто почнува нова фискална година?
Последното тримесечје го надминав лимитот од 1800 за околу 300 ден. и не знам зошто мислев дека ќе ми се префрлат во овој месец, меѓутоа не. И денес скенирав доста сметки што ми останаа од минатата недела, ги покажува кои сум ги скенирала, ама во делот кај што треба да пишува колку е повратот стои 0.00 мкд. Дали е нешто проблем со апликацијата, тоа што го надминав лимитот минатиот месец или друго нешто?
Ако ти се од претходната недела, се префрла сумата за претходното тримесечје. Во ново тримесечје, само можеш сметки од истото, да скенираш. Доколку ја надминеш сумата, не се префрлаат парите за наредно тримесечје.
Ако сметките се издадени после први, тогаш барај ги во новово тромесечие. Ако се издадени порано ќе ти влегуваат во старото, а ако си го надминала лимитот нема да ти важат. Повратокот на ДДВ важи од сметките кои се од први од месецот од кој почнува тромесечието.
На секој 3 месеци вршат исплата или секој месец? И дали полето "вкупен поврат на ДДВ" служи за тоа да видиш колку треба да ти исплатат ?