Извинете дали може некој да ми каже како може да следам колку имамм вкупно скенирано фискални бидејќијас не си ги чувам?
Ќе си ја менуваш датата и ти дава за секој ден посебно колку сметки и со која сума имаш скенирано. Сепак подобро би било да дава колку ДДВ имаш со секоја сметка за да знаеш кога ќе го надминеш максимумот за да преминеш на друг акаунт. Јас почнав со мојот акаунт и не водев евиденција колку ДДВ имаат сметките па не можам точно да пресметам и изгледа ја надминав сумата. Сега продолжив со акаунт од мм ама си запишувам колку ДДВ има на сметките и кога ќе стигнам до 600 ќе продолжам на друг акаунт.
Абе знам оти за секој ден се гледа Тоа и го пишав погоре Пишав месечно оти немаш орентација колку си скенирал
Мене не ми е најјасно како функционира. Скенирав сметка од бензиска, Веро и ветеринар. Денес, за прв пат. И сега?
Не мора да значи Со сметкопотврда можат да правдаат средства. Ако како сопственик на фирма оправдам средства во фирмата од да речеме деловен ручек, таа сметка не смеам да ја користам за овде. Бар така сфатив.
Јас сеуште скенирам се, макар што храната е со 5% , а на неа најмногу се троши. Дури криво да му падне на човек ЗОШТО само 5% е данокот Како и да е, до 1-ви декември бар 500-че ке соберам. Зошто да не, од нигде-никаде се тие пари, не сум потрошила и вложила ништо а сум добила.
А бе ако не за друго ќе видам бар кај ми отишле парите, на какви се глупости сум фрлила пари, а може и не требало Реално да, можат, поготово ете за деловни ручеци обично не плаќаат на фактура туку ги правдаат со сметкопотврда исто и за некои ситни потреби како хигиенски средства, канцелариски материјал итн.
Колкав е тој максимум кој што можеме да го пријавиме? Зависно од нашите примања? Не го разбирам тој момент. Да не утре ден ми дојдат на врата, и ми кажат... ааа ти зимаш плата 500 е, а трошиш 600, на црно пари правиш.....
Колку сакаш -толку може да скенираш. Може ти да скенираш за цела фамилија. Може баба ти што пазари тебе ти ги дава. Можеби реновирам стан, па бела техника си купвал. Незнам од каде овие информации дека преминуваш на друг акаунт. А ако до сега за 17 дена некој направил да може да му депонираат 600 денари - мора да трошел многу, па грубо кажано ако сите производи се со 18% ДДВ (а тоа е невозможно, зашто грото се со 5%), отприлика 27 000 денари.Трошокот за прехрана , за која најмногу од домашниот буџет оди, е со 5%.
Па затоа и прашав, да не има некој лимит..... Ма да во оваа луда држава не ме чуди да дојдат и да ти кажат: ахаа тебе платата ти е 500 евра, а ти ди пријавила 700 евра, сопругот невработен, ајде сеа данок на тие 200 евра, и казна од 150 евра
Ова испаѓа, колку да се каже дека се работи нешто. Работи Владата Се мисли на граѓаните. Поќе од глупост им е. Бдв од бензиски пумпи не важело. А од ЈСП месечната извадена на 1 јули ми ја одби. Не знам зш, ама и тие да не не важат?
Zdravo, Sakam da prasam dali ima vrska ako skeniras smetki vo pogolem iznoz vo od os na primanja, bidejki jas na moe ime vnesuvam smetki i od moite roditeli
Од каде информацијава дека од бензиски пумпи не важи? Од јсп може ти ја одбило, ако фискалната од 1ви, а ти си ја скенирала на 11-12ти. 10дена имаат важност.
Значи вака, јас зборувам за максимум кој можат да ти вратат, а тоа се 600 денари месечно. Не постои ограничување колкав износ месечно ќе пријавиш и не верувам дека ќе прават пресметки со тоа кој колку плата ќе зема. Муабетот за да поминеш на друг акаунт ми беше ако скенираш многу и ги надминеш тие 600 денари да продолжиш од друг акаунт за да останатите не ти пропаднат. Јас брзо дојдов до тие 600 денари, ми собираат сите, ние дома, свекорот, мајка ми, плус купивме нешто бела техника и се собраа 22000 уште на старт. Потоа продолжив со акаунот на мм, сега веќе си го запишувам ДДВто и точно знам колку повраток сум остварила. Кога ќе стигнам до 600 и од кај него ќе продолжам на мајка ми од акаунот. Од 01.08 ќе почнам пак од мојот да скенирам.