Сега ми текна, порано нели награди даваа со влечење сметки на дневно, месечно ниво. Зашто ги укинаа, се сеќава некој?
Денеска е 1ви и затоа сметките од претхпдните 10 дена ги скенирав денеска, а ми се бројат во претхпдното тромесечие. Како може вака и како да постапам?
Не можеш ништо да направиш, требало сметките да ги фрлиш или на друг да му ги дадеш. Ако не ти биде исполнат лимитот од 1800 само тогаш ќе ти се бројат сметките во старото тромесечие кои имаат важност 10 дена. Тебе ти е надминат лимитот и сега тие што ги скенираш одат само вишок, а поврат немаш од нив.
Ако се скенирани денес, муабетот ми е дека секако ти е исполнат лимитот за тромесечието кој е 1800, и сега сметки што имаш од Септември ти одат вишок за џабе, ако ги немаше исполнето тие 1800, сега ќе ти важеа тие сметки, ама ти дека имаш исполнето и не ти важат. Се надевам ме сфати сега...
Абе луѓе оти не се разбираме, членката има слика поставено дека веќе надминала 2000+, а лимитот е 1800, и сега тие 200 и кусур денари и се вишок и никој нема да и ги исплати, не се ни исплаќал досега вишокот...
Знам дека не се исплаќа вишокот, го знам тоа. Сметките ги скенирав денеска, во новото тромесечие а ми ги регистрира во старото тромесечие, тоа беше проблемот. Фала што ми објаснивте дека не е битно во кое тромесечие се скенира, туку битно е датумот на сметките да е од новото тромесечие а не од старото, за да може да ги регистрира во новото.