Секогаш е така, во вториот месец од новото тромесечие исплаќаат за претходното. Во август не исплатија за претходното тромесечие, па после 3 месеци т.е во ноември ќе биде следната исплата.
Дали на некој му се има случено да му дадат скенирана сметка во продавница? Последниве два пати ми се случува од Зара во East Gate да ми дадат веќе скенирана сметка. Не ми е јасно како е можно ова. Првиот пат не обрнав внимание но вчера сметката веднаш ја ставив во паричник и сигурно никој од мојата фамилија не ја скенирал, за денес да ја дава веќе скенирана. А не е мала сума па да не ми е криво.
Мене ми се има случено од Макпетрол, ми пишуваше сметката е веќе скенирана а само што се вратив дома, не ми е криво за парите , а сметката не беше баш бала 6,200 денари а данок ќе беше околу 40 денари нека одат не се ништо тие пари ама зошто да ме крадат
Тоа е правило да извадат сметка за да се порамнат во каса или ова го прават на своја рака само за да ги скенираат сметките.
Некако многу споро се собира за ддв, пола месец помина, уште ни 500 денари немам направено, тешко се стига до 1800. Се исплати вака долгорочно скенирањето или џабе си губам време. Вторпат скенирам, минатиот пат касно почнав, сега некако ме смрзува веќе.