На дел по дел плаќаат во тек на цел месец, така да зависи, нема на сите денеска да ни пуштат. Некои веќе во петок добија пари.
Еве стигнаа добри пари, постепено следните денови и недели ќе стигнат и кај другите верувам. Како што рекле шпанци-италијанци, трпение дè лà спасение!
Немам проблем со сметки од таму, но од други маркети некои да. Откако го ажурираа скенерот со доста сметки има проблем. Ги скенира на крај, но треба да се помачиш. Некогаш ми помага ако го подесам на основен скенер, па така ги скенира тие што се побледи. Бар кај мене ова функционира.
Во друга банка сум, значи немало вистина поврзаност со банките. Нека прават што ќе прават, си ги сакам парите на сметка
И јас. Си ги планирав за онлајн шопинг за попустите на black friday, се надевам до 11ти ќе ги пуштат.
Па да ти кажам сега и не ми требаат многу многу, ќе ги спотрошам на глупости, поубаво нека пуштат на крај на месец кога ќе бидам во криза..