За шопинг и јас ги чекам. Не е фер што вака пуштаат на некого одма, на некого на крај од месец. Нема уште пари кај мене.
Скенирав сметка што купив нешто и после отидов да вратам нешто во продавница и ја сторнираа. Да не ме казнат што е скенирана ваква сметка?
Зошто да те казнат...само сумата ќе ти ја снема од скенираните...еднаш имав направено 1800 после некое време гледам 1750, некој си имаше сторнирано од моите скенирани сметки
Така нешто беше, не сум сигурна искрено, само знам дека има опција да се избрише сметка што е скенирана.
Можно е и в затвор да те пикнат колку пати имам сметки скенирано па враќано робата нема ништо да ти бидне
Јас скенирам сметки и скоро го исполнив уште малку,па помислив дали може и мажот ми да си маправе апликација па остатокот тој да скенира па колку исполне толку да не одат џабе сметките,и онака околу мене не скенираат и сите ми чуваат сметки затоа брзо исполнувам лимит.