Во последнава недела имам неколку поголеми сметки што не можам да ги скенирам, баркодот им е поблед. Чаре?
Оди во УЈП. Ако се поголеми фискални сметки би требало да се нафатат да ти ги внесат рачно преку компјутер.
Ако се само бледи, ке ги сликаш и со апликацијата од мобилен ке ги затемниш и ке скенирш од друг телефон.
На мој ДДВ скенирав фискална и сега имам надминато над тоа дозволеното Дали се исплаќа и надминатото??
Не се исплаќа над 1800 денари за сега, ама од наредново тромесечие до 2100 денари ќе можеш да оствариш поврат..
За да отстраниш сметка, мораш преку компјутер да влезеш во мој ДДВ извештаи. И таму ќе ти даде за поништување сметка. Ама мислам дека сега по ново ако еднаш ја поништиш не може да скенираш повторно , нема врска дали е на друг телефон или профил. Некој мислам така имаше напишано на претходниве страници.
Немооој Јас се зезнав така Ги избришав па пробав од друг корисник да ги скенирам за да надополнам кај него, ем јас останав со мањак ем другиот корисник не можеше да ги скенира
И јас сум го надминала лимитот. Сега до кога ќе треба да чекам да стартувам со скенирање или самата апликација ќе ми покаже?
А нели ќе се накачеше на 2100 денари од Јануари, пак стои дека може да оствариме поврат до 1800 денари на апликацијата..