Се израдував кога видов дека има тема за Мој ДДВ Имам проблем... откако ја ажурираа апликацијата не можам да скенирам сметки. Се најавувам со пинот, ме носи на скенирање, скенирам и... ништо, ме враќа пак на внесување пин и добивам порака "неуспешна авторизација" Неколку пати ја деинсталирав апликацијата и пак исто... Spoiler: *** Може некој да ме насочи како да го решам проблемот? Благодарам
Немам десктоп верзија за да дадам искуство, знам само дека постои. Во УЈП може и рачно да ја внесат фискалната сметка преку компјутер.
@DramaQueen1 Ако фискалната сметка ти треба за во фирма, треба да ја повлечеш од Мој ДДВ извештаи. Може да добиеш глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Не може од иста фискална сметка и правно лице и физичко лице да бараат поврат на ДДВ.
Доколку не сака да ја скенира сметката, постои ли можност сметката да се внеси преку бројот на сметката?
Све ок, ама малку е глупо да одиш во УЈП за да ти внесат фискална во МојДДВ треба таа опција да ја внесат во апликацијата.
Кај мене веќе трети ден не сака нжвоопшто да ги скенира. А омам пробано повеќе сметки од различни маркети.