Ако имавме стандард на Луксембург, да малтретирање е, но со стандард на Македонија, со плата минимална плус некоја стотка, не е. Секој денар плус е добродојден, ќе затрупа некоја „дупка“.
2100 денари на три месеци и те како добро доаѓаат, па 8400 денари годишно, можеш еден одмор во Охрид да си истераш, и уште ако скенирате 2-3 луѓе дома, боза..
Не мораш да бидеш сместена во прв ред до езеро, земи си смештај малку подалеку, ќе јадеш дома виршли, паштети, салама, не мора да јадеш секој ден по ресторани..
Извини ама...ти ова го нарекуваш одмор... плус намирниците што ги купуваме по дома се за цело семејство, освен ако не поткраднуваш туги фискални сметки
Абе како што пиша членот горе нема потреба да јадам. А бензин до Охрид , патарини и ред други работи? Или ќе леташ до таму?
Види, не е исто да ти е 20 илјади денари за одморот, и од таа сума да одземеш 8400 веќе заштедени од Мој ддв, што значи одморот ќе те кошта 11 600 денари, и да дадеш 20 илјади денари од твој пари, со ниту денар од друго место.. Да не им се исплаќа на луѓето, нема да скенираат.
Убаво е да ти легнат 2100 мкд. Јас не го спорам тоа. И да се исплати ама ти за да направиш 2100 треба да пазариш три месеци и да потрошиш некои 180.000 мкд ако не и више . Не секој може да ја направи таа сума освен ако не ти дава некој друг фискални.
Не познавам човек кој скенира сметки, ама ги скенира само својте, сите што ги знам и скенираат, земаат сметки од бензиски, од ресторани, од маркети и сите има по 1800 до пред некое време скенирано..
Исплатите започнуваат почеток на февруари, мај, август и ноември и траат цел месец и никогаш не се знае кога ќе добиеме.
10 дена, после ова и да пробаш да скенираш самиот систем ќе ти ја отфрли и ќе ти даде порака дека сметката не е во валиден датум.