Дали може иста трансакциска сметка да користат повеќе лица? Пример, сестра ми (16) нема своја трансакциска, не знам дали ќе стигне нешто.
Не, не би требало. Секоја трансакциска си е лична и мислам не може истата да биде пишана кај двајца луѓе.
Неколку прашања имам. Нова сум во ова па доколку некој ми одговори среќна би била. 1. Дали ова влијае на тоа доколку си вработена?. 2. Колку време треба и колку сметки треба да скенираш и колку пари ти враќаат?? 3. И од кога до кога треба да ги скенираме сметките??
За првото: Не влијае на ништо. За второто: За да го имаш максимумот треба да скенираш од 68.834 денари до 441.000 денари во зависност од производот(услугата) (македонски(а)/странски(а) и данокот (5%, 10% или 18%), за три месеци. За третото: 10 дена.
Значи јас денес започнав и до 20ти треба да ги скенирам сметките ?? Што ако скенирам малку, на пример 20 денари??
До 30 јуни. Од 1 јули започнува ново тримесечје. Тримесечјата започнуваат од јануари, април, јули и октомври. Минимумот е 50 денари. Доколку имаш помалку, таа сума се префрла во следното тримесечје. Исплатите се во февруари, мај, август и ноември. Не треба да скенираш „забранети сметки“ може да добиеш глоба од од 100 до 250 евра во денарска противвредност.)
10 дена се мисли дека секоја сметка важи 10 дена од кога е издадена. После тоа е невалидна. Инаку можеш и сега да почнеш со тоа што до 30 јуни ќе трае овој квартал и треба да собереш минимум 50 денари за да ти ги исплатат.