а немаш можност да работиш 2 работи? некоја помалку захтевна? или нешто фриленс, од некаде екстра пари да ти легнуваат или да работиш да ти ја покачат платата? Некаков друг начин да си помогнеш
Што со сметките што не се скенираат, кодот што не е добро испечатен? Во ујп на инфо шалтер чичо поим немаше.
Треба во УЈП секаде да има рачен внес на сметката, освен ако компјутерите им биле со оперативен систем со верзија постара од „Windows 7“.
На вакво глупаво прашање, не може да не се даде глупав одговор. Па што и ако се чепка по канти? Ти им ги даваш од твој џеб парите, не разбирам? Абе дај гледајте ди свој живот и не коментирајте што прават останатите, на некој тие 2100 многу им значат, подобро дај му на некој да скенира отколку вака да пишуваш глупости.
Зошто глупо? Па не те растажува тоа како нивен сограѓанин и не те вреѓа на што ги сведе луѓево да прават оваа наша држава? Подобро да се упатат како да го заработат тој денар на дневно/неделно ниво отколку да се тепаат за сметки за месечно тие трошки да им легнат
А ти од каде знаеш дека тие не работат? Ако не ти се скенира никој не те тера со сила, има пожални работи на кои што треба да жалиш а не некој што скенирал сметки
Абе не викам дека не работат, туку да не се потпираат толку на тоа скенирање по секоја цена. И да секогаш ќе има нешто пожално од ова, ама си споделувам што мислам не се жалам ама да тешко ми паѓа! И има мнг што го делат моето мислење и твоето и тоа е ок
Зошто така размислуваш? Шо има врска сиромав богат среден кој скенира? Ја скенирам од сам старт а не ми дојдено до нив Ама оти да не си земам нешто плус
Буквално!!! Ама баш тогаш кога ќе ми пуштат ми се наоѓаат нешто да си купам. Дајте бе луѓе гледајте си ја својата работа, кој скенирал кој не скенирал нека не ве интересира. Ако можете помогнете му на човек, ско не само поминете и не одмагајте!
Ја моите ги вадам годишно или на две како ке намислам Првата година си купив маса и 6 стола за надвор и тенда-чадор Втората па косилка за трева. Сеа ке земам наредно убава гарнитура за у двор.
Имате некој проблем со сметки од Макпетрол? Два дена ми дава невалидни дека се, не сака да ги скенира
Исплатите секогаш се во февруари, мај, август и ноември. Што значи дека исплатите ќе бидат во август. Никогаш не се знае кога ќе добиеме некогаш на 5, некогаш на 15, а имало случај кога имам добиено и на 25. Проблем е најавата на УЈП за штрајк, може да не добиеме додека трае штрајкот.
Има ли некој проблем со скенирање? Не се сметките испрекинати ни ништо а пак не сака? Што да пробам не се баш ниски суми а да идам до ујп нема шанса
Сликај ги со телефон, како слика и после edit > filter >impact, односно ги затемнуваш и ги праќаш на друг телефон, преку пр.вибер и од тој телефон скенираш.