Ако си почнала минатото тримесечје (април – јуни) овој месец, ако си почнала ова тримесечје (јули – септември) во ноември. Исплатите се на секој три месеци (февруари, мај, август и ноември).
Рано е за пријавување за неисплатени средства, денеска започна исплатата, рокот е до 31 август. Доколку е за друго тримесечје: info@ujp.gov.mk
Кај тие што имаа „среќа“ да бидат во првата група. Се исплаќа по групи, по редослед кој никој не го знае.
До крај на неделава треба кај сите да има. Пуштаат по групи, на почеток на месец или на средина, стрпете се.
Здраво сакам да ве прашам нешто. На профилот ми стоеше старата трансакциска сметка, заборавив да ја сменам и денес ја сменив со новата тр.сметка. Прашањето ми е дали системски имаат увид дека не можат да се префрлат средствата затоа што сметката веќе не постои и е затворена, и како да го пријавам проблем затоа што бројот не им е достапен.
Ќе ти ги префрлат средствата вонредно. Кога се затвори Еуростандард банка А.Д. Скопје (август 2020), средствата ми беа префрлени во септември 2020 во Комерцијална банка А.Д. Скопје. Само ја сменив сметката, никаде не пријавив.
Zdravo sakav da prasam dali moze da ne bidat isplateni sredstvata zosto jas i mojata majka imame napisano ista transakciska smetka i ednata isplata se izvrsi a drugata ne dali nekoj znae do sto e problemot