Да бидам искрена не знам како идат работите од сметководство натаму, ама па по некоја логика штом бараат со сметко потврда и фискална, претпоставувам дека ова го бараат со некоја причина. Зарем Ујп нема увид во таа документација?
Пријавена ли си во УЈП со меил адреса ? http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/653 Имаш ли отварено приходи во текот на 2018 ?
Прашувам за брат ми, почнал да скенира сметки а не остварува никакви приходи и не ми е баш јасно дали може така. Инаку на ова е пдд е регистриран зошто мора да се регистрираш за да може да сњ најавиш на мој ддв колку што знам
Мене не ми е јасно баш се, за да оствариш повраток од 600 денари мораш да направиш сума од 26.600 , а испод оваа сума враќаат само помалку така? Ако е многу над оваа сума не ја рачунаат само пречекорената сума или целата?
Ако направиш 26.600 скенирање ќе добиеш 600ден, ама под услов се да е со 18%данок, што е скоро невозможно бидејќи храната, бебе производи и др. подлежат на 5%, што значи дека сумата ќе биде далеку помала од оваа. Колку ќе скенираш толку ќе ти вратат. Мислам дека ако надминеш над 600ден поврат, ти префрла во следниот месец. Но ова важи само за 3 месеци. Ако и третиот месец надминеш не префрлаат во 4ти туку нема да ти се важат.
не мора да значи дека мора да е 26 600, може само храна да си купувала и си потрошила пример 30 000 и да оствариш поврат од 230ден јер храната е речиси цела со 5% АКо оствариш повеќе од 600 ден ти префрлаат за следен месец но максимум 1800 до крај на тромесечието.
Тоа за 600 денари да направиш го кажаа условно : АКО направиш промет од 26.600 и АКО сите производи се оданочени со 18%.
Ова со вкупната потрошена сума вопшто не е битно и не го гледајте, ако пазаруваш само храна и производи со 5% треба да направиш 80 000денари промет за да ти вратат 600денари. Ако скенираш сметки без данок (ко една пријателка фризерот и собирал сметки и таа скенира ли скенира, а тоа фризерот да не бил даночен обврзник и сметките без данок!) и илјадници сметки да скенираш ништо нема да добиеш. Она што е битно е вкупното ДДВ, за да оствариш повраток од 600денари треба да имаш вкупно 4000 денари ДДВ од сметките кои ги скенираш, кој не го мрзи нека си запишува и така најточно ќе си има увид. За другото Очичка убаво објаснила, ако направиш над 600ден ти се префрлаат за наредниот месец во рамките на едно тромесечје, на крајот на тромесечјето се што е вишок ти пропаѓа. Ако имаш помалку ќе ти исплатат помалку, 50, 100, 300 ден... колку си направиш толку ќе ти исплатат.
Татко ми е вработен претпоставхвам претходно треба да е логиран на УЈП. Сака да скенира но не знае како да се најави. Треба сам да се логира на УЈП или каде може да најде кој email и лозинка треба да ги користи?
Овде има образец кој треба да се пополни и да се однесе на шалтер во билокоја УЈП за да те регистрираат: http://www.ujp.gov.mk/e/obrasci/opis/21 На образецот треба да се внесе е-маил на кој би те контактирале. Возрасните обично ке отворат за оваа намена и после ќе ја баталат е-маил адресата па Микрософт ги брише (ако 3 месеци не ја отвориш, автоматски ти ја брише, знам по странките кои се жалаат на овој проблем) па ќе треба да ја менуваш. Значи, од време на време да се отвара наменскава е-маил адреса. Во УЈП ќе ти сатават печат дека Образецот е примен и ќе те заведат во евиденција за ПДД-ГП и ќе ти пратат е- маил за потврда. СО ТОЈ е-маил со кој си се регистрирал за ПДД-ГП и со таа шифра/пасворд ќе се најавиш на МОЈДДВ. Вака пишано изгледа комплицирано, а уствари не е.
Здраво, дали некој знае дали од фискалните сметки од здравствени услуги се враќа данок, поточно од забар ?