Како ви скенираат сметки во ујп што не сака вака да се скенираат? Се иде посебно на некој шалтер или?
До сега немам скенирано во УЈП, но колку што знам, не се оди на шалтер, туку се скреира на бар-код читачите На шалтер се оди, ако и на бар-код читачите не се скенира фискалната, за рачен внес.
Не знам пасворд, да не ми бараат тоа? Четири сметки по 8.000, 9 000 имам иначе не би се замарала.. Сепак фала на одговорот
Мораш да си регистриран во УЈП и да имаш онлине профил. После ја симнуваш апликацијата и на неа се најавуваш со податоците од епдд. Ќе треба да внесеш и сопствена трансакциска сметка. После внесуваш код и почнуваш да скенираш За апликацијата: провери дали телефонот ти ја поддржува апликацијата, дека на постарите телефони не работи
Да се регистрира на: https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/register.seam Да ја посети УЈП да се потпише на регистрацијата. Да ја симне апликацијата „Мој ДДВ“. Да генерира ПИН. Да напише на апликацијата нејзина платежна сметка.
По грешка скенирав сметка од платени сметки и банкарски провизии,а нели тие сметки не треба да се скенираат. Дали треба да се јавам ујп или самата можам некако да ја избришам скенираната сметка или пак да оставам така самите ке си ја поништат.
Сега пребарав не ми излегува сметката,ја скенирав сега пред околу еден час. Постојат сметки само од пред два дена што имам скенирано Дали нешто погрешно правам незнам,уф баш се засекирав што може да биде ако не ја повлеечам?
Треба да ги имаш сите сметки од 1 јуни. Сметките се подредени според датумот на издавање. Види да не се наоѓа на 2 страница. Во најлош случај, глоба од 100 до 250 евра (Немам слушнато дека некој е казнет).