Немам поим дека некои сметки не се скенирале, јас со месеци наназад скенирав сметки кога плаќав тв и интернет. Што има врска? И каде пишува за тоа што да се скенира а што не?
Од 1 јули 2019 година до 31 декември 2019 година, не се скенираа: Од 1 јануари 2020 година не се скенираат: Од интервјуто на тогашната директорката на УЈП од 2019 година:
Почна новото тромесечје, имав 2 3 фискални сметки од пред некој ден. Ги скенирав и ми го дава следноцо
Издадени се во јуни, што значи влегуваат во претходното тромесечје. За ова тромесечје се скенираат сметки издадени по 1ви Јули.
Тешки глупости се ова. И јас ги правам На кое ниво ли сме ние, кутрите, што куцкаме сметчиња за да добиеме потенцијални 2000 денари а, на крај, добиваме едвај 600-700 денари. Сиромаштија левел камено доба.
За прв пат вчера од веро не сакаше да се скенира апп. И ми вика некоја грешка (код некој си 2025) не сум ни сигурна. Вајда не даваат фејк сметки у веро.
H&M, Sinsay и тие што не ви дава, сменете во settings на апликацијата во напреден тип на баркод скенер. Така ќе ви ги скенира.
Толку од поврат на ддв, си најдоа начин поштено да го укинат и да ја префрлат вината врз предходната власт.. Немало пари во буџетот..
Напишано е „по ребалансот на Буџетот“. Ребалансот е во собраниска процедура. Предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година - Второ читање Седниците и говорите и се ограничени. Очекувам до средината на август да се донесе.
Пробај смени го основен напреден паралелно неколку пати, и мене така ми правеше, што сметки пропуштив да скенирам. Еве вчера баш од h&m скенирав ми бидна со напреден.