Мене напреден ми е по дифолт стаен, и пак неќе да скенира чат пат. Најчесто гасам апликација, и палам пак, тогаш ќе може. Распад систем им е ама ај ќути трај
И да сакаат не можат да го укинат, ова им е единствена шанса да се издаваат фискални сметки за да полнат буџет од даноци и давачки на фирмите.
Од стопанска сакам да се префрлам во друга банка, да сменам трансакциска само од профилот на мој ддв ќе ми исплатат така 2.100 или да чекам да исплатат па да менувам банка?
Ќе ти исплатат. Кај мене имаше задоцнување од 1 месец. Трансакциска сметка ја сменив во август 2020 (кога пропадна Еуростандард банка), а средствата ги добив во септември.
Мора прво да има ребаланс на буџет, па после ќе праќале. Само што имаше ребаланс, па можеби ќе ги фати и крај на месец.