И мене ми личи дека не излажаа, ама законски мора да пуштат до 31 август, па кај знаат нека најдат пари.
Ако го укинат стварно лешпери на квадрат ќе искочат. Не дека не се ама ај. Една асална работа што имаше од претходните па и таа да ја усерат. Ситна пара, ама на обична раја им значи, плус и добра алатка за економијата е, колку толку барем.
Зошто колку и да скенирам сметки, сумата за поврат ми останува иста? Буквално се замрзна на 700 денари, и последните неколку сметки не ми ги рачуна, а се голема сума. Знам дека некои немаат ддв, но овие имаат и пак не ми ги рачуна. Има некој со ваков проблем?
1. Постари од 10 дена, 2. Износот е поголем од 30.000 денари, 3. Сметката нема право на поврат (струја, вода, телефон, парно), 4. Немаат данок.
Имате ли проблем со скенирање сметки последниве денови? Буквално треба да шалтам меѓу напреден и основен тип на скенирање за да фати, со ротирање на сметките 360° за да му се погоди. И кај домашниве е исто. Некоја финта да не е полека - полека да се откажуваме
Мора така полека, за да не ни дојде шок.. Замисли одиш во маркет, и немаш потреба да чекаш фискална сметка, ама пак си ја земаш сметката, од навика, не дека ти треба, и после кога ќе одиш накај дома мака ти е затоа што нема да ти вратат 5 денари на 3000 денари потрошени во маркет..
Гледам и по ФБ често поплаки и заклучоци од типот дека го укинале и нема да дадат. Значи не е укинат повратот сеуште и ќе исплатат на секој кој скенирал. Кога ќе решат да го укинат сигурно тоа официјално ќе биде објавено и повеќе апликацијата нема да функционира. Се останато се само дезинформации.
Hello Isplatija ddv kaj nekoj slucajno? Na stranata mi smeni status co povratot e vo faza na realizacija pa denes pa go vratija vo podgotovka deka E pa da ne slucajno isplatile kaj nekogo
Значи да очекуваме ДДВ? Богами во ова кризно време на секој убаво би му дошле 2000 денари плус. Ако има некој што не скенира ако сака може да ми испрати во порака