Дали ви се случило да не може да ви се скенира фискалната сметка? Како образложение ми дава "Датумот не е во валиден период". На десетина сметки истото ми се случи, а датумите се после 01.07, некои и на 17-18.07.
Како може една од поголемите златари во градот да не е даночен обврзник??? Купувам вчера златен накит, барам фискална за да скенирам, кога гледам 0% ДДВ! Стварно не ми е јасно како и по кој основ ги ослободуваат од ДДВ некои фирми?!
Не знам, ама не е фер, најголемиот богаташ во градот да е ослободен од ДДВ, а мала маалска продавничка не.
Најверојатно не дава да се скенираат сметки во нов месец од стариот. Пробав и јас со сметки од јули вчера, но не сакаше. Не знам дали беа поминати 10 дена.
Може да се скенираат од еден месец во друг ако не се поминати 10 дена. Јас последната недела од јули ги собирав сметките бидејќи ми беа вишок и сите ги искенирав на 01.08.
По однос на Мој ДДВ најмногу што можете да земете е 700 денари месечно. Е сега видете колку треба сметки да скенирате за 700 денари месечно. УЈП ќе има увид каде одат вашите пари?! Ако земате 15000 денари плата, исто така и вашето семејство по толку, тогаш за 700 денари поврат на 15% ддв, вие работите дополнително на црно. Еве ви ги ујп. Инаку: Треба да скенирате 44 години за да купите чанта како на Боки од Луј Витон 5 години за да купите гачички како на Ивона Талеска Оваа мерка ја има на Запад, ама никој не е ограничен на враќање на само 700 денари. Колку сметки толку поврат на ддв. Во Грција одлично поминува мерката. Ние ќе видиме нешто и сакаме да копираме, а сме под дното на оригиналот. Најдобронамерно, не си ги ставајте ујп на врат за 700 денари месечно. Вие сепак размислете.
Дали на туристички места се ослободени од данок локалите? Во Дојран за сметка од ручек имаше 0 ДДВ, а во Ск за приближно иста сума имав сметка со голем износ на ДДВ.
Sakam da prasam koga kje ja vnesam email adresata koja sto e od ujp na moj ddv mi veli deka e nevalidna adresata,dali nekoj znae sto treba da napravam,bidejki se e tocno napiseno,no ne saka da otvori.Vi blagodaram odnapred
Ако те пријавувале од фирма можно е да го имаат згрешено меилот. На мајка ми така 1 буква и згрешиле во меилот и не можев да се најавам, отидов во УЈП и таму ми средија работа.
^ Зошто да не може? Скенирам за сите дома, а не работам. Убаво си кажаа секој со над 15г што има свој профил во УЈП може да скенира сметки.
Ако правниот субјект не остварува приход на годишно ниво над 1.000.000,00 денари нема обврска да биде даночен обврзник,затоа на нивните сметки не е вкалкулиран ДДВ.Друга работа е како некој прикажува приход кој е помал од 1.000.000,00 што за некој што има барем 26 работни денови во месецот изнесува отприлика 3.200,00 денари дневно и при тоа да биде рентабилен.Луд јебе збуњеног,кој си може си тера.
Сето тоа се должи на неиздавање на фискални сметки. Козметичарката кај што одам најефтиниот третман и е 1000ден, да не спомнувам филери, ласери и сл, кои коштаат илјадници денари, а за да закажеш треба недела дена унапред значи фул е и пак не е ДДВ обврзник. Она што ме нервира е што оние кои не се ДДВ обвзрници логично е цените на производите/услугите да им се пониски од другите, ама не, и тие ставаат цени ко и останатите и си лапат 18% повеќе пари!
Нема врска тоа дека тие што не се даночни обврзници треба да имаат пониски цени од другите... Јас и ти ако отвориме еден ист бизнис една до друга и ако моите цени се пониски од твоите ќе имам повеќе работа и побрзо ќе станам даночен обврзник.. А можеш и ти да станеш побрзо, во бизнисот нема правила. А и не може државата да ми налага да намалам цена на производ затоа што не сум даночен обврзник. Инаку лимитот е 1.200.000 во една година
Нема ограничување во креирањето на цените на производите и услугите.Муабетот е дека ако цел приход се прикажува нема шанса некој да не биде даночен обврзник,да го искажува ДДВ-то и да си го плаќа на државата.Инаку лимитот е 1.000.000,00 денари,не шири дезинформации. http://www.ujp.gov.mk/mk/pravni_lica/category/374
Зошто да не скенираме. Јас скенирам и будалаштина е тоа што луѓето мислат дека скенирањето е будалаштина зато што ние сме најјак народ бе некој да ми рече 7000 ден на крај од година повели, а не фала знаеш ли колку пари имам јас бе. А овие комании, фирми што не даваат фискални, сите тие треба да се казнат, пошо убаво пиша некој погоре, козметичарките, фризерките, секој ден фул се зафатени и работат на црно, зашто да не плаќаат они данок, па луѓе од данокот сите живееме, тоа што оваа наша држава е вукојебина, тоа е друг муабет, а данокот е сосем на место, во нормална држава тој се враќа назад кај граѓаните преку здравство, преку бесплатни учебници за дечињата, знаете ли моите колку пари даваа за учебници јас кога сум одела и школо, секако дека кај нас куп работи не функционираат али ова е првиот чекор, луѓето да ја сфатат важноста на данокот, иако реално политичарите испокрадоа на сите ни е јасно, но зашто па да има дуалност, и тоа што велите ако не остварува повеќе од милион денари во годината нема обврска да плаќа данок, да, тоа е точно али кога ќе дојде другата година и кога преку тоа што ние им бараме фискални да ни даваат, и кога ќе се види дека всушност многу што не правеле повеќе од милион испаѓа дека прават само не давале сметки, е тогаш ќе почнат да плаќаат данок.