Јас не сум променила нити трансакциска нити други податоци ама сеуште ги нема.. до крајот на другата недела се надевам ке има
Zdravo, na nov mobilen honor ne mi dozvoluva da ja simnam aplikacijata moj ddv, dali ima nekoja finta za simnuvanje ili ogranicena e aplikacijata za postari modeli na mobilni?
Ограничена е. Ако ти пишува на пример апликацијата нема да работи на овој телефон , стар ти е телефонот и системот не ја поддржува оваа апликација.
Дали има некој тука доволно фин да ми објасни за мој ддв апликацијата? Тргнав да ја инсталирам, ја побарав и ми пишува дека е достапна само за постари верзии на андроид. Ко да ми вика ако имаш пари за нов телефон, не ти треба ова. Како инсталиравте останатите? Како се најавивте? Дали може некој чекор по чекор да ми објасни? Оти поим си неам, никад не ме интересирало ова, а сеа сакам да пробам да скенирам нешто.
Како мислиш акаунт на страната на УЈП? Не знаев дека може така. На страната на УЈП треба да имаш профил за да можеш да скенирани сметки, а вака воопшто не ни може да ја инсталираш апликацијата. Јас мислам дека е така бидејќи оперативниот систем не ја поддржува оваа апликација. Најчесто е така бидејќи телефонот е постар или некоја послаба верзија. Мене така ми даваше на еден постар, поевтин телефон. Кога ќе појдев во google play store, ми даваше кај апликацијата this app won't work on this device. И воопшто не дозволува инсталација. Ова е моето искуство.
Јас пробав на еден телефон постар, се инсталираше. А тој сиротиот едвај се пали, а важно ја инсталираше апликацијата. Мојот понов е, све топ фунционира на него, не ми дава да инсталирам. Сакам да прашам и, колку се враќаат назад пари? Пример ако напраам фискална од 1000 денари, колку би вратиле?
Нема врска сумата на сметката, туку колку данок има и дали е од македонски производи или не. На македонски производи враќаат 20% од данокот, на другите 10%.
Од 0 денари до 31,51 денари, во зависност од производот (македонски (20%)/странски (10%)) и данокот (А (18%)/Б (5%)/В (10%)/Г (0%)). Ако е еден производ или ако сите производи имаат ист данок:
За да си регистриран корисник на системот за приход, мора да си вработен? Или секој може да се регистрира во УЈП, без разлика дали е вработен или не ?