Практично за сите,скоро за сите. Само не е дефинирано за апаратите од казината..тие ме даваат фидкална кога ќе се ољупи народот.И тие што продаваат на улица,меѓу кои и доста пазарџии.
ајде доста се се*ете на се едно нешто и 1000ка да е годишно оти да не си ја земам и да има некои шо трошат убава пара месечно
Тоа е лимитот. 3 месеца по толку да трошиш за да земеш 1800 ден. Реалноста е дека ќе потрошиш околу 100е месечно, и после 3 месеца ќе добиеш помалку од 100 денари ако сите фискални од се што купуваш си ги скенираш. Јас лично земам фискални бидејки некогаш не се ни секавам кај сум ги потрошила парите, ама за 100 денари на три месеца не верувам дека ќе се замарам. Сите викаат дека и илјадарка е подобра од ништо, ама 90% од македонците треба цела година да собираат фискални за таа илјадарка, и пак не потрошиле доволно за да ни се собере илјадарка.
Ako trosis 25000 denari ne dobivas 1800 tuku toa ide vaka : 25000 / 118% = 21186*18%=3813*15% = 572 denari dobivas i se toa ako site fiskalni ti se so 18 % ddv . 15 % dobivas na plateno DDV ne na vkupniot iznos
За толкацка сума не си трошам батерија на телефон, да сликам/скенирам, па да прикачувам. Ниту па земам фискални. Знам неодговорно према државата ама па некои трговци ако не прикријат нешто нема ни да опстојат. Државата секако ни собира пари на разно разни начини. Ради некоја ситна сума данок нема да пропадне.
Ако потрошиш 100 денари, 2.7 денари назад добиваш. Под услов тоа што ќе го купиш да е оданочено со 18 %. Ако е оданочено со 5% тогаш ќе земеш 0.75 денари
Добро е ова да се поттикнат луѓе почесто да даваат фискални. Само се надевам дека исто за сите ќе важи и дека нема да има повеќе и помалку еднакви.
Ви текнува на наградната игра на Грујо со собирање на фискални и праќање у МТВ за извлекување? Е па, ова е истото, само пофенси, со апликација за скенирање. Демек мерка за борба против сивата економија, а уствари најобичен популизам и ништо повеќе.
Дали тоа јас пресметав дека треба да трошиш отприлика 1500 евра месечно за на крај на година да добиеш 500 евра? И тоа ако се' од тие 1500 евра е оданочено со 18 проценти? И рата од кредит се смета, сметки, ќирија, се'?