Точно е, никој закон не ти ја дефинира цената, ама напишав дека е логично со тоа што имаат помалку трошоци и цените да им се пониски. Еве пример од градот: две кафулиња, едно е поголемо и е ДДВ обврзник, има повеќе трошоци, повеќе вработени и нес кафето го продава 80 денари, другото е помало и не е ДДВ обврзник има многу помалку вработени и помалку трошоци, но и тој нес кафето го продава 80 денари. Дали е фер? Тоа е лажење и манипулирање на народот, јас знам дека секој може да си стави цена колку сака, никој не ме тера мене да пијам кафе таму, ама не иди бе ти да заработуваш плус 300% од тоа што реално те кошта тој производ.
Во кафани и ресторани и кафичи кои се регистрирани како угостителски објекти за носење храна (значи без седење) нема ДДВ. Сега скоро ручавме во ,,61,, и на фискалната имаше ДДВ - 0% Истото го имаат и сервисите кои разнесуваат пица (можеби не сите, ама поголем дел) И, не ширете дезинфомации, дека ке си ја ставите УЈП на врат, те ќе те следеле колку пари трошиш Убаво е образложено дека СЕКОЈ над 15 години може да си отвори акаунт и да си ги скенира сметките на баба му или фискалните кои ке си ги најде на улица.
Вака сега две прашања, прво што мислите дали навистина ќе казнуваат физички лица доколку скенираат сметка од фирма? Дали тоа би било казна од 250 евра за секоја таква скенирана сметка, мислам нели казната би требало да биде во однос на тоа за колкава сметка се работи? Значи ако се скенирани такви сметки во вкупен износ од 8500 денари одприлика да речеме тоа би било околу 200 ден вратен данок, што мислите околу делот со казнувањето има начин да се поништат овие сметки?
Ако е даночен обврзник мора да искажува ДДВ со таа разлика што ако храната ја конзумираш во објектот(значи се луксузираш-те служат) се искажува ДДВ од 18%-данок на луксуз,а ако хамбургерчето си го земеш и си го јадеш на клупа тогаш ДДВ-то е 5%.
Слушнавте за измените што ќе ги има апликацијата? Ќе може да се брише сметка ( доколку некој погрешно скенирал нешто од фирма пример) и ќе може да видиме колкав износ на ДДВ ќе ни е вратен. Ова требаше од почетокот да го има...
Супер е веб апликацијата. Околу повратот не разбрав што во случај ако првите два месеци имаш поврат од помалку од 600 денари а третиот имаш повеке од 600? Дали остатокот што е над 600 денари во третиот месец би се распределил се додека не се добие поврат од 1800 денари во квартал или пропаѓаат?
Се заинтересирав и дознав дека лиќокалот каде ручавме бил ТП и не бил воопшто даночен обврзник,затоа и немало ДДВ.