И јас се чудам,се досега било во ред со исплата,на електронско банкарство не гледам прилив,цел фебруари и сега.
Пиши им слободно. Законскиот рок го поминаа. До 28.02. требаше на сите да пуштат поврат на ДДВ. На некои луѓе им значат парите.
И ти пиши им на мејл. Кога ќе има притисок од повеќе луѓе, ќе ги пуштат поскоро. А вака ако никој не се замара, ќе си одолговлекуваат.
Ако не си правела промена на трансакциска ,значи добро не сум единствена.Сега и на фб ,на мој ддв имаше и друг дека нема.Засега тројца сме хахаха
Гледаш кај тримесечни или за тој месец? Ако гледаш кај тримесечни и се уште нема промена може да бидат најразлични причини: сметката да била од претходното тримесечје ( на пример сега ако скенираш сметка во април, ама сметката била издадена на крајот од март, повратокот ќе ти влезе во претходното тромесечие) или ако на сметката нема данок. Такви се некои сметки од бутици, занаетчиски продавници, сметките од пошта ако праќаш писмо. Тие се познаваат ја крајот од производите на сметката стои буквата Г, а ако видиш најдолу кај даноци Г=0%.
И кај мене нема сеуште, на апликацијата еППд пишува „Вп тек е реализација на повратот“. Ама пак исто пишува и за предходните периоди од 2024 год , кога ги добив парите.