Ќе скенирам сметка и гледам во извештаи одма и стои истата сума од претходно. Ништо од ова што си пишала, во рок скенирам, и со ддв.
Не знам што да ти кажам. Вака со сите сметки ти прави ? Ако ти прави со големи сметки, почекај некое време. Провери пак дали има промена. Ако со некои многу мали сметки, тогаш можеби не е доволно голема сумата за да има повраток што би ти се прикажал. Инаку има и интернет страница, мој ДДВ извештаи, таму во извештаи ти се отвора за секоја сметка посебно, кој вид данок ти носи и колку ти е повраток. Можеш да провериш и таму.
1. Се регистрираш. БАРАЊЕ за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник - физичко лице 2. Одиш во УЈП да го потпишеш Барањето. 3. Ја симнуваш апликацијата. 4. Ја пишуваш платежната сметка.
Нешто тоа беше кога даваше сметката не е валидна, грешка 2005? Ако е така, чувајте ги сметките и пробај те после некој ден. Тогаш би требало да ги прифати. Јас такво искуство имав со сметка од Макпетрол.
Кога ќе вклучам за да скенирам сметка и ми се појавува предната камера. Каде има опција за со другата камера да сликам? Вака не ги скенира
Да, од 1 јули 2019 година, може. Во „Извештаи", „Дневни“, „Датум на скенирање:“, одбираш март 2025 година, па секој ден по ред.