Државата со оваа мерка сака да не направи инспектори(читај кодоши).Треба да бараме фискални и во случај ако не ги добиеме да се јавуваме во ујп.Ако не се крие прометот нема шанса некој да не биде даночен обврзник.Овој период инвестираме околу изолацијата на куќата и од складовите за градежни материјали само за 20% од трошоците ни дадоа фискални сметки(,, касата е расипана‘‘, ,,девојчето не се снаоѓа во работата‘‘...) Мене секој ебан денар приход ми е даночно поткрепен и се нервирам поради моето мото со чиста совест да си легнам навечер на перница,ама тоа нема да ме направи кодош.Корумпираните инспектори ем плата ќе си земат за работата што не ја работат ем викендичка ќе им направи погоренаведениот,а јас ќе треба да се задоволам ако со повратот од ДДВ-то на годишно ниво успеам барем 2 пара патики да им купам на децата. 'Cause kindness is weakness, or worse, you're complacent I could play nice or I could be a bully I'm tired and angry, but somebody should be
За месецов 601ден ДДВ ми пишува дека поврат, тоа беше максимумот така? Ко шо глеам не се префрлаат парите од претходниот месец, значи нема потреба веќе на мојов акаунт сметки да скенирам? Да ги чувам за од септември натака.
Се префлаат како што гледам, бидејќи има најздоле после извештајот пита каде што ти покажува за тромесечјето уште колку проценти имаш за да скенираш.
Повеќе ми личи на мерка за да имаат со што да се занимаваат граѓаните, а да им бега фокусот од побитни работи. Чекам да иди крај на годината, гарант ќе излезе нешто со скенираните сметки..
кај го гледаш тоа дека се префрлат? од 7ми месец имам над 600ден данок и во 8месец не ми се префрлени
Има пита доле и на неа е нагласено дека е за тромесечје, така да по логика пресметката е за повеќе месеци вкупно. А на месечен извештај мора да ти дава месечно колку имаш скенирано и данок колку е со повратот. Затоа гласи месечен извештај, не е направено да дава колку ти префрла во наредните месеци. За тоа служи питата доле.
јас се те разбирам ама изгледа т неможиш да ме разбериш мене мене не ми е јасно едно нешто викаа дека ако надминеш 600ден месечно пример јас имав 690 ден некаде значи 600 ке ми ги вратат а рестото 90денари кај се???? пошто не се префлени од јули во август што значи ако надминиш 600 денари не вракаат повеке од 600
Битно е да не надминеш 1800ден кумулативно за 3месеци. Над 1800нема да ти ги вратат. А овие можеш и сите наеднаш во август да ги направиш и потоа ништо да не скенираш.
Очичка убаво ти кажува, ограничувањето е на ниво на тромесечје, 1800 ден. Ти можеш секој месец точно по 600 да имаш а можеш и еден 200, втор 1100, трет 500. На апликацијата ти дава посебно по месеци колку имаш направено и вкупно за тромесечје, таму гледај тоа е битно.
аха значи можеш да имаш 700+600 ама на трет месец неможеш д аимаш повеке од 500 за да нели бидат во тромесечието 1800 фала ви
А зошто да работат на црно? Корумпирани може се инспекторите, исто така и тие што работат на црно не се цвеќа за мирисање. Сакаме нели европски стил, се жалиме ваква била државатс, таква била, еве повелете живејте според закон.
имам проблем пред скоро 3 недели скенирав се у ред сега неможам да се логирам пишува демек невалиден корисник ил изаборавена лозинка стискам заборавена лозинка го ставам мојот емаил се сменувам и после пак се логирам пак небива некој да не знае до што е проблемот
Ова е чисто за забава, не за да се збогатиме. Како и да е јас стигнав до 1800, кај мене се добродојдени