Скенирањето како национален спорт- повеќе од 50 отсто од граѓаните успеваат да добијат по 2.100 поврат на ДДВ Според анализата, од вкупната бројка корисници на „Мој ДДВ“ – 279.825 граѓани го оствариле максималниот износ на поврат на ДДВ во износ од 2.100 денари. 86.867 корисници оствариле поврат од 1.500 до 2.099 денари, 92.891 имале поврат од 500 до 1.500 денари, а 27.409 корисници на апликацијата оствариле поврат во износ под 500 денари – велат од УЈП Безмалку половина милиони македонски граѓани скенираат фискални сметки, а од нив 57,5 отсто успеале да стасаат до максималниот износ за поврат на ДДВ од 2.100 денари. Овие податоци покажуваат дека значителен број граѓани ја користат активно апликацијата „Мој ДДВ“ и остваруваат поврат на дел од изразениот данок на додадена вредност во фискалните сметки, посочуваат од Управата за јавни приходи за „Слободен печат“.
Можеби е повлечена фискалната од продавачот? Чудно Според друго мислење изгледа некоја сметка од минатите тримесеци ти е сторнирана но ти ја исплатиле, па сега само го наплаќаш долгот.
Прво спушти ја апликацијата мој ДДВ на мобилен телефон. После ќе направиш профил на таа апликација, се најавуваш со податоците од УЈП, т.е. епдд. После ќе креираш код и почнуваш со скенирање. Ако немаш профил од УЈП, прво мораш да поднесеш онлине барање за регистрација на даночен обврзник. Откако ќе го пополниш тоа барање, го носиш барањето во подрачната единица на УЈП да ти го одобрат. После со тие податоци ќе се на најавиш. Со самото подавање на барање ќе станеш даночен обврзник, на тој профил ќе ти стигнуваат и годишните даночни пријави и се останато.
Катастрофа! И онаа апликацијата “Мое Здравје” веќе подолг период не ми работи. А божем имаме ново Министерство за дигитална трансформација
Можеш. Секоја сметка има рок на скенирање од десет дена. Сметка од 30ти септември можеш да ја скенираш до 10ти октомври, ама ќе ти се води како сметка од септември и ќе ти влезе во тромесечието јули, август, септември. Само сметките издадени од први октомври влегуваат во ова ново тромесечие.