И кај мене нема,а од УЈП изјавија дека исплатиле кај сите,кај што немало имало некој технички проблем како промена на сметка а такво нешто кај мене нема и сега?
Што да проверам дали ми имаат исплатено? Ако е тоа ми немаат со гаранција си ја пратам сметката на тел.
Не ме сфати, не само кај тебе и кај многу други немаат исплатено и затоа нема смисла да изјават од УЈП дека исплатилена сите, зар илјадници луѓе ќе не прават будали или незнам кого лажат ако стварно имале таква изјава.
Уште нема ништо значи оваа тешка превара стана изгледа поголеми износи не исплаќаат само ситни пред тоа се беше ок сега имам 1500 ден за повратат
Па вмро откако дојде прво почнаа до каснење од исплата на 5ти да го пуштаат од 15ти и сега ако стварно нема кај пола луѓе, можеби за некое време и ќе го скратат
па дега баш читав министерот вика кој нема исплата нешто има грешки во сметки или неажурирани подароци во ујп…. Они си имаат изговори. Само што мислам може и во понеделник да има зошто ако пуштиле денес тогаш ќе стигнат
А како до сега не беше тоа проблем? Јас си мислам, сменив презиме пред 6 години, не сум била во ујп да ажурирам податоци, ама до сега добивав исплати.. ако си нашле ваква гачка сега само за да не даваат пари срам да им е.
И тоа што е наше не можеме да си го земеме мамето нивно. А за неплатени долгови, заостанати долгови и данок на имот уште непочната годината стигнуваат опомени.
И кај мене нема денес, нема никакви технички проблеми или промени на сметка, едноставно не пуштиле. Можеби ќе почнат сега едни, следниот пат други и така пополека да го укинат, да не наеднаш се побуни цела маса народ. Оваа власт и онака сакаше да го укине, не знам.
Добро шо праевте вие пред да стапи на сила законов со ддвто? Зарем толку ви менуваат 2000 дали сега или во вторник (на пример)?