Јас и за мајка ми и за свекор ми направив акаунти, за сите од мојот телефон скенирам. Настрана капацитет ме научија дека собирам и сите ми даваат фискални, а и по продавници, бензински каде што одиме најчесто ми даваат по цело купче.
Па негде се шпекулираше дека сега па државата ќе прави контрола од каде ти се приходите, ако скенираш над твојата плата. Ма да тоа мислам глупост е, еве ја и за мм скенирам на него тоа му е глупост
исти сме и ние, не научија и ни даваат, а богами и ми се посреќи пред некое време пред сити мол, фрлени неколку сметки сите големи суми 18%ддв, срам не срам ги зедов
Е така де, штом друг ги нејќе јас си ги земам. Јас од бензински најмногу скенирам и тие се со 18%, никој не излегува од кола да си ја земе сметката, јас си слегувам си наплаќам и си ги собирам останатите.
Колку што знам едно семејство не може да земе повеќе од 600 денари без разлика дали сите скенираат сметки. Дај ми да прочитам дека не е така
Не можам сега да барам, ама ако се сеќаваш кога најавуваа за меркава кажаа дека едно 4 члено семејство годишно може да поврати максимум 28 800 денари.
9. Колку изнесува лимитот за поврат на ДДВ за едно физичко лице? Лимитот изнесува 1.800 денари за едно тромесечје, односно 600 денари месечно или 7.200 годишно за едно лице. Значи за едно лице, не за цело семејство
Е од таквите како вас сите мерки пропаѓаат. Им се лутите на политичарите што не се поштени а вие сте исти како нив. Искрено се надевам дека сите вие ќе бидете влечкани низ ујп за да се докажувате од каде ви се примањата.
Сакам да ја симнам апликацијава. Ве читам овде ама ништо не ве сфаќам.Сака некој да ми објасни што треба да праам? @Dream-Girl ќе сакаш да ми пишеш?
Треба да имаш профил во УЈП прво. Мислам ако си имала нешто на твоја сметка што ти префрлале пари/плата да речеме и да си била пријавена во УЈП, за да може да ја користиш апликацијава.