Пробувам да скенирам поголема сметка од анхоч и ми пишува грешка при верификација, и тоа пробувам повеќе пати На основно ниво воопшто не сака А на напредно ми го пишува тоа.. Како да се реши ова?
Ако имаш уште време, почекај некој ден, понекогаш знае и по некој ден да фати кога дава грешка при верификација.
Здраво, за нови корисници, колку време треба да чекам да ми направам меил и лозинка? 2 пати се оди во ујп?
Не, се најавуваш со сопствен меил и лозинка. Откако ќе го пополниш профилот и барањето еднаш одиш во УЈП, за одобрување. Еве : http://www.ujp.gov.mk/s/fizicki_lica/category/1991
Тоа знам, но ми рекоа еднаш да појдам за да ми направат барање нешто така и по неколку дена откако ќе го одобрат да отидам повторно за мрил или лозинка. Па тек потоа да можам да скенирам. Дезинформација е ова или?
За ова не знам. Претходно мислам еднаш се одеше. Дека кога еднаш креираш е-маил и лозинка за најава, што ќе ти се нови .
Ако има некој надополнето нека ми пушти фискална во порака, уште малку ми треба да надополнам Благодарам Среќни празници!
Реално и подобро е да го укинат, мачење е веќе скенираањево, 2500 евра за да земеш 30 евра е класичен грабеж.