Те прашувам пошто не ми е логично. Вака ем некој денар земаме ем ги "мотивираме" продавниците да издаваат фискални смети, вака win-win ситуација е за државата и дел граѓаните.
Те послушав и успеав да се логирам. Ама џабе испадна зашто пак нема конекција за да се скенираат сметките...
Еве сабајле проверувам, пак исто. Се ми се чини дека одат на картата да го укинат. Сега ќе прави почесто вака, за на крај да кажат дека системот не функционира.
И порано имаше период вака кога не функционираше, па се среди. Нека не ве тера на лошо одма. Сега скенирав неколку сметки, без проблем.
Директорката на УЈП денес во интервју на Телма кажа дека од меркава со фискалните немало никакво фајде, изгледа се спремаат да ја укинат само чекаат погоден момент да го соопштат тоа.
Од сабајле веќе не знам на колку места ми излезе интервјуто за колку пари се губело. А тоа што има триста небитни организации, тела, фирмички, тендерчиња што лапаат буџетски пари, тоа ништо. МојДДВ е проблемот. Мегафоните сега ќе бидат на најјако пуштени да се изрелативизира јавното мнение за да си легне народот на брашното и да ја укинат.
Нема да ја укинуваат одеднаш. Сега пуштаат патка, па после ќе почне народот да се разочарува и откако ќе се разочара целосно, ќе ја укинат. Сопред мои претпоставки, до летото ќе работи и после капут. Важно на Митко Јанчев и Нефи каубоецот од Охрид им дадоа тендерчиња за чистење на снегот низ Македонија, а севкупно 3 дена снег имаше на 3 места во државата. Ама МојДДВ било проблем.