Ме мрднаа роднини и другари со тоа фискалните да му чувам, барем мене олеснување ќе ми дојди ако го прекинат
Дали кај некого не отвора апликацијата ? Сабајле скенирав сметки, а сега ми стигнува Mojddv keeps stopping . Воопшто не ја ни отвора апликацијата. Пробав дали може нешто со апдејтирање или да ја преинсталирам, но ништо не помогна.
Тоа нема никаква врска. Мене понекогаш дури и парите ми стигнувале и поминувал месецот па така останувале. Не се многу ажурни во однос на ова
Може ли некој да ми објасни што е работата со фискалните сметки? Не сум упатен во тоа со поврат на ДДВ и скенирање. Неколку пати забележав во маркет, после пазарење бидејќи не земам фискална сметка касиерката ми вели:Дечко, фискална? Јас ѝ одговарам: Што ќе ми е, дали е задолжително да ја земам? Таа ми вели: Не, ако сакаш да скенираш за поврат на ДДВ. Немам поим што значи тоа. Ако некој знае, нека објасни. Фала.
Добиваш пари назад (одреден процент) на данокот на производи што си ги купил. Т.е. скенираш сметки, QR кодот на сметките и на секои три месеци на сметка ти стигнува поврат на ДДВ на трансакцииската сметка во банка. За да скенираш треба да инсталирате апликација и на таа апликација се најавуваш со податоците од УЈП. Т.е. за да можеш да скенираш мора да си пријавен во УЈП и да имаш профил на епдд. После инсталирањето скенираш . Максимум можеш да добиеш 2100 ден. назад за три месеци. Ако добро се сеќавам максимум сума што може да биде една сметка беше мислам 30 000 ден. Еве и линк до објаснување од министерството за финансии https://arhiva.finance.gov.mk/започнува-повратот-на-ддв-за-граѓанит/