Човече државата ја испокрадоа се лупа пари за безвеза и зимаат ненормални плати за ништо, а обичен граѓанин да се докажува за мочани 600ден??? Од обичните граѓани ли не ни ја бива државава?!
Еј, еј, чекај малку, што зборуваш??? Што лошо правам јас, од кој крадам??? Ако ти пазаруваш пред мене и ја оставиш сметката на каса јас имам право да си ја земам и онака ќе заврши во канта. Државата ли ќе ја осиромашиме, за тоа ли се секираш?
Знам дека не треба да се скенираат фискални за правни лица за кои е издадена сметкопотврда, но што ако фирмата не бара поврат на ддв? Имам фискални со кои е купувано за фирма, продавачот издал сметкопотврда, платено е во готово не преку фактура, ама газдава не бара поврат на ддв, не се замара, тие сметки смеам да ги скенирам?
Дечки дали на апликацијата сега може да се гледаат месечни извештаи? Јас вчера ја избришав и повторно ја инсталирав бидејќи ми рекоа дека веќе била апдејтирана, ама сеуште можам да гледам само дневни извештаи.
Преку линков може само да се гледа. https://mojddv.ujp.gov.mk/?fbclid=IwAR1o7YySVD6ny164dFB9edz2v6pLS5qzIjIjCzTPguTmHHWM7I3d8ohqYco
Мајка ми има акаунт на Ујп, ама не можам да ја уклучам. Не сака ни адреса ни пасворт, там и го правеа во Ујп мош грешка и го запишале. Дали може нов да и направам, додека има друг?
Не може друг, под тој матичен број може да има само еден единствен акаунт. Појдете во УЈП и таму ќе ја исправат грешката, исто беше и со мајка ми и имаа згрешено една буква во меилот.
Сметки кои содржат 5% ДДВ многу малку влијаат на вкупниот износ за поврат.Троши на шминки,облека,алкохол,луксузирај се со 18% ДДВ-ќе имаш повеќе
А како е регуран онлајн шопингот? Јас главно трошам онлајн на козметика, гардероба, на официјални страни. И никогаш не добивам фискална со пратката. Конкретно од фешн груп, спорт вижн,спорт м , најмногу пазарам.
Е колку пати ќе купиш маскара или пудра?Еднаш во три месеци Гардеробата ме ,,вади,, зашто основните секојдневни намирници се со 5%
Фискална сметка се добива кога се плаќа во готово.Онлајн шопингот се врши со префрлање на парите од твојата трансакциска сметка на сметката на добавувачот,затоа за таквиот тип на купување не се добива фискална сметка.Ако сакаш да добиеш поврат на ДДВ треба на лице место да си ги купуваш производите.
кога ке го земеш производот треба и фискална сметка да ти пратат со него , таа важи исто така и за гаранцијата на производот