Кога плаќаш со картица на лице место ти даваат и фискална сметка.За онлајн шопингот добиваш фактура,со неа не можеш да бараш поврат на ДДВ.
@duffi ќе си побараш фискална да ти пратат заедно со пратката. Јас не порачувам многу, ама 2 пати досега им побарав сметка и ми пратија (Од Лотус М за играчка и од Илоски арт галери за уметничка слика), само од кај вас од ПиКи ми рече таа дека не може да ми прати оти ќе требало да стави пари во каса од свој џеб.
1.800 поврат на ддв направив до денес, тука завршувам со скенирање, од октомври пак, имам уште фискални но џабе ќе ги скенирам. Мислев и на мене да си направам профил но не работам па ми е мисла да не речат од каде пари на оваа Инаку од храната, на сокови, кафе има 18% ддв. Оние што се со 5%не ги ни скенирам. Јас на сокови за синко многу трошам, од ваму, од таму се собраа над 92.000 за два месеца ( од 19 јули скенирам).
Мислам дека ако си достигнала лимит можеш да скенираш уште но автоматски ке ти се префрлат за следен месец (октомври).
Од месец во месец се префрлаат, но не и од тромесечие во тромесечие. Пример јули-август-септември се едно тромесечие и од јули може да одат во август, од август во септември, но од септември не одат во октомври дека е веќе друго тромесечије.
Јас уште во август завршив со 1800те денари, па им направив акаунти на моиве, да не бидат за џабе сметките. Беља работа, сега за секоја сметка од мене шо сум ја напраила и им ја скенирам ми бараат рапорт, шо било купено со толкави суми. Проблем ми напраи апликацијава, да пријавувам се шо сум купила. Иначе карго и мене никад сметка не ми дава, да си барам следен пат
Од сметките за бензин, плин се исплати најмногу да се скенира дека голема е акцизата а со тоа и данокот, инаку и јас собрав 1800 ден се погодибда реновираме дома, мебел ова она, девер исто така реновираше и фискални се насобраа, скенирав башка редовнивне пазарења, гориво итн
Мислите дека би имало глоби за повеќе расходи од приходи? Не сум вработена, не знам дали ќе бидам во скоро време, а и никој од моите не живее во државава. Немам како да се извадам дека скенирам во нечие име. Не дека ги сметам УЈП за ажурни, али за обични смртници кога се работи, верувам би **але матер.
Не би требало,единствено у случај ако имаш БАШ огромни расходи па да им падне у очи. Инаку ако е у нормални рамки нема гајле.
Е па, тоа ми е зборот, што е нормални рамки? Веројатно не е нормално ако секој месец ги имам по 600-те максимум, м?
Ненормални рамки на пример по 100 иљади месечно да трошиш а си невработена, тогаш може да им падне сомнително од каде е потеклото на парата. Ова се само мои претпоставки
Како гледате дека сте стигнале до 1800 ден? Тоа 1800 е за 1 месец, толку ќе ти вратат или? Не сум мн упатена,само собирам сметки и му давам на мм скенира,ама гледам на апликацијата нема нешто за вкупна сума..
Само преку линкот можеш да провериш за кој месец колку пари ќе ти вратат, еве преку апликацијата сеуште не може. Инаку за еден месец максимум може да ти вратат 600 денари, односно 1800 денари за 3 месеци.
Вчера и денес кога пробувам да скенирам не можам, врти цело време и на крај ќе ми покаже дека нема конекција до УЈП. Не е до интернетот? Прави ли кај некој друг така?
И кај мене се покажува исто. Aко сметка што издадена да речеме на 25ти септември - ја скенирам на 4ти октомври, во кој квартал би се направил повратот?
Aко сметка што издадена да речеме на 25ти септември - ја скенирам на 4ти октомври, во кој квартал би се направил повратот?[/QUOTE] Во четвртиот квартал(октомври,ноември,декември).Се зема во предвид датумот на кој што е извршено скенирањето(само да се пази да не поминат повеќе од 10 дена од издавањето на сметката).
Да не има некој проблем со апликацијава? Пробувам да се логирам ми вика Нема конекција до УЈП. И кога конечно успеав да се логирам (сменив на 4G мислев да не паднал нетот дома) и да скенирам сметка и истото го пишува..