Кога се логирам на сајтот да проверам колку имам поврат - добивам порака дека корисничкото име или лозинка се погрешни, а не е точно. Го има некој друг проблемов?
Уште на почеток кажаа дека оваа година прва исплата ќе има на крајот на годината, а потоа наредната година исплата ќе се врши на секои 3 месеци. @Sofronko
Се регистрирав и не можам да се најавам.. тоа е зашто морам прво да го поднесам барањето за регистрација во канцеларија на УЈП? Се носи само барањето и лична карта?
Мислам дека од 18% кои ние ги плаќаме како ддв, од нив само 15% се враќаат тоа му доаѓа на пример ако некој производ го купиме 2000 ден а за него платиме 180 ден ддв, на нас ќе ни бидат вратени 15 % од 180 ден...Тоа ќе му дојде 27 ден во пари
Да, на тоа мислев. Значи чим веќе скенираме, автоматски ќе ни дојдат на сметка, нема да треба нешто дополнително.
Така некако. Уште да видиме дали ќе ни исплатат. мене пак не ми е јасно дали исплатата ке биде само за првото тромесечие (7,8 и 9 месец) или сето заедно (7,8,9,10,11)
Ништо не е кажано, затоа и не е јасно. Ако исплаќаат за цела оваа година, ќе мора да чекаат и декември да заврши.
Девојки едно прашање. Сакам да почнам со скенирање ма сметките. За прв пат. Пробав да си креирам профил, но ми озлегува дека морам прво да поднесам барање за персонален данок до ујп, за да можам да си го алтивирам профилот. Треба само барањето да го однесам, не треба ништо да уплаќам или? И што кога ќе ми го одобрат? Ќе треба нешто за во иднина да се плаќа? Немам појма како одат овие работи а бројот за да се инф во ујп не работи моментално, а сакав утре да однесам барање. Прашањето ми е да не се зезнам нешто со поднесувањето за персонален данок, да не треба да им плаќам нешто во иднина.
Ако немаш за плаќање, нема да треба да им плаќаш ништо . Треба да појдеш до УЈП со барањето и да ти направат акаунт за е-пдд и потоа со податоците за логирање од е-пдд си се логираш на апликацијата и на веб интерфејсот за следење на сумата за поврат. Се разбира бесплатно.
Да да, јасна ми е постапката. Мене прашањето ми беше што со тоа што ќе бидам регистрирана за персонален данок? Што значи тоа? Да не се зезнам па да треба да им плаќам данок? Не се разбирам воопшто. Немам никакви примања ако мислеше на тоа. Барањето ми е само заради фискалните
Немаш примања = немаш данок за плаќање. Не можат на 0 да ти пресметаат данок . А, регистрацијата не ти значи буквално ништо, поарно да си регистрирана посовреме, па покасно кога ќе имаш приходи и данок за плаќање да не трчаш да се регистрираш.