Еј, знаеш дека може да има врска до банката. И мајка ми во Тутунска има картичка и само неа и немаат од дома стигнато. Ја сум во Комерцијална, проверете вие што сте таму ако има врска до банката, може префрлени ви се.
Трансакциската може да се менува, не би требало да е проблем, освен да си била баш во таа група вчера па да отишле парите на друго место.
Јас сакав да поднесувам за електронски ама не знаев дали се наплаќа бидејќи некаде прочитав дека наплаќаат. Вистина е или?
Се наплаќа ако имаш картица со која вадиш пари од банкомат. Ако имаш картица со која вадиш од шалтер у банка, не. Вчера така ми објаснија. И ситна сума се плаќа инаку.
Мислам дека во секоја банка е различно. Во Стопанска пред 6-7 години условот за бесплатен е-банкинг беше да направиш 10 трансакции во рок од 6 месеци. Доколку не ги направиш се плаќаше токенот, околу 1000 денари мислам. Сега можеби се сменети условите, не знам.
Се најавив и потврдив за наградна игра има нешто менувано во апликацијата. Е сега ме интересира што треба да се прави има да се селектира коло и нешто кодови такви работи. Што треба да се прави?