Богами најголем дел од финансиите одат за сметки . И кој има кредити ( а ретко кој нема ) , за месечна рата .
Има мноооогу мали,микро, семејни бизниси кои благодарение на затајување данок и опстануваат, тоа од типот на киосци приватни, сендвичарчиња, по некое мало кафанче, кафетерии, пет шоп итн. И сега за една 1000 ка годишно, поради барањето на фискални сметки, тие ќе треба да затворат. А не сте свесни и дека со таа мерка всушност се врши и мониторинг, кој колку троши, на што и мал број други мали работи кои што се протнуваат низ меркава. Досега у живот не сум побарала сметка од пекарчето што ми е зад зграда, а секој ден доручек за сите од таму, леб и пецива, и нити ќе побарам. Жената си работи со син и таму, и си има стална клиентела на која не дава фискални. Исто е и со coffee to go, секој ден земам и не ми вадат фискални. У месара на пазарче исто, се у една си пазарам. И како сега јас да им речам ВАДИ ФИСКАЛНА, на едни ебани 300 денари што ќе ги потрошам ? Зошто ? Свесни сте дека ниско-средната класа луѓе се НАЈОШТЕТЕНИ ПАК со меркава ? Само за Зоки да има увид што како каде трошиме. Е нема.... Секој ден се поише и поише сакам да се исселам од државава !
На фактурите за струја, телефон...нели има баркод? Јас би сакала да ми се вратат ретроградно сите пари што го имам дадено во Фондот за здравство од причина што никогаш услуга од нашето јавно здравство немам искористено.
А како ќе вратиш 500 еур годишно кога 1800 денари е макс за квартал?! По човек 7.200 годишно. Ај по семејно домаќинство ако броел тоа е 28.800. Ама па тоа е ако има 4 над 15 години. Врти-сучи, груевистички метод.
Да тоа ќе биде по добро зашто на никому не е му е до 2.7 ден а вака бар дечињата ќе имаат некоја корист
Ќе си купам влошки со повраток на ддв. Да не заборавиме дека сите онлајн плаќања на сметки, струја, вода, телефон, интернет или други фактури во банка/пошта - не продуцираат фискална за клиентот. А таму голем дел од парите идат.
Си мислам, ако пријавиме поголем износ со фискални сметки од пријавениот приход во УЈП, ќе го нае**ме како жути