Кај мене пишува на почетна надминато 891 и ништо немаат пратено. Значи ова дека нема да пратат или...? За првото тримесечје имам многу мал износ и нема ништо надминато
Каде да си ја барам лозинката, кај што ги даваме док.за регресот? Во фирма барав во класерот, само кај мене нема лозинка запишано,колешкиве имаат. Туу,толку пазарувам а денар назад нема да си вратам
Прво провери си го скенерот, дали ти е напреден или основен, тоа во профил треба да отидеш, треба да ти е напреден за да ги скенира и тие со мало оштетување. Потоа како што рече @anastasijaki не се откажувај веднаш, пробувај постојано додека не и измине рокот на траење, мене ми се случувало неколку дена да не можам да ја скенирам никако сметката, па после 5тиот ден на пример да ми ја скенира од прва. Дали 2-3 сметки досега само ми пропаднале, а имам скенирано илијадници. Картичката од банкоматот е поврзана со трансакциската сметка. Така да секако можеш да си вадиш од банкомат. Сега пуштаат за 1вото тромесечје, тие што ги имаш исполнето за второто тромесечје ќе ти ги пуштат во февруари. Инаку многу имаш надминато, зошто не скенираш од друг профил, тие 891 ќе ти пропаднат? Ако не си ја знаеш лозинката оди на полето заборавена лозинка и ќе ти даде линк да си ја обновиш преку меилот.
Избришано. Туку сега со новата апликација нема потреба од тој линк, има опција директно таму да се гледа колку ќе имаш поврат.
Легален начин да си добиваат пари и награди тие со врски Односно легален начин да се крадат државни пари
"Врски" нема врска со политика. Тој што си го бива нема мака ни со едни и со други. Ти ако си го сфатила постот како политички твој проблем
Ти ако се најде прозвана, твој проблем Ме испровоцира муабетот на @odsk „Сите проекти од Вмро ги крадат“. Нека кршат глава и едни и други и трети... Баталете тоа, дај кажете како да учествуваме во наградата игра
Аа добро се извинувам мислев дека е за мене. Муабетот ми е дека и едните и другите си гледаат за свој г'з, главните награди ќе си ги прибере некој "голем". Ние да бидеме среќни ако фатиме 1000че
Пола милион ден ќе поделат како награди. Ама не се кажале што и како. Можеби и ќе нема некоја 'вредна главна' награда. Ќе идат на квантитет Појќе луѓе да лапнат некој ситнеш