Абе јас како што читав се сѐ по 1000, 2000 и 3000 денари на повеќе 'среќници', затоа не сфаќам што би си местеле тие... Ако им е до 50€ нека местат.
Јас ќе ви кажам за наградите: Ќе има дневни награди: по 10 секој ден во период од 1 година (4*1000, 3*2000 и 3*3000). Тие награди ќе се доделуваат автоматски, односно после секое титкање ќе ти стига известување дали сметката е добитна или не. Оние сметки што не се добитни ќе учествуваат во месечните извлекувања каде ќе има по 15 награди од кои најголемата е 50000 денари. Два пати годишно пак, во март и во декември ќе бидат извлечени 2те главни награди по 3 милиони денари. Овие извлекувања ќе бидат јавни во рамки на лото 7.
Немаш врски ти, плус тоа не си од владеачаката партија Се шалам И мене ми нема стасано. Апликацијата ми покажува дека околу 550 денари ми селдат, ама никако да стигнат
Ни кај мене уште ништо нема а треба 1800 да ми префрлат, повеќе е ддв ама нели толку е максимумот. Почнав и да мислам дека не префрлаат на сите. Туку до кога е крајниот рок за префрлување , неделава или месецов? Секаде различно пишува.
Хаха Рефке може си во право по шо ја не сум северџан па не ми следуе Инаку од прилика околу 1000 треба да ми вратат а и плус кај нас не даваат фискални сметки т.е воопшто и ги немаат
Тоа не е подарок од државата, тоа се твои пари. Арно што имате нерви да се опседнувате со скенирање на секоја сметка. Едно време почнав да скенирам, ама не можам животот да го сведам на опседнатост со тоа да не пропуштам да скенирам сметка, а многу големи суми не ги скенирав. И полека се откажав, не се ни замарам. Ако тие средства ги враќа државата, зошто не го намали данокот за да не мора да се заебаваме и да мислиме на скенирање фискални, односно да имаме помалку време да мислиме на актуелните срања во политиката.