Згoлеми дaнoци дo крoв, oд тие дaнoци прибaви 200 МИЛИOНИ гoдишнo пoвеќе oд минaтa влaст и тие пaри дели си ги нa свoи луѓе преку тендери... А нa рaјaтa грaџaнштинaтa нa северџaнијa дaј и ги рoнките oд сaмo 3.5 милиoни... Пa сегa види.
Не може затоа што здравственото осигурување е социјален фонд, функционира од сите за сите. Сите придонесуваат за да се лекуваат оние на кои им треба. За нив, системот дава повеќе пари отколку што придонеле. Пример една операција и хемотерапии чинат илјадници евра, а пациентот толку пари не придонел во фондот. Се зема од колективните придонеси. Ако им се вратат парите на тие што не користеле услуги, како ќе функционира? Теоретски не е возможно. Би било можно со повисоки суми за осигурување, евентуално. Оф топик сум, ама ме заинтересира затоа се прашувам како би работело тоа со враќање. За меркава, секако дека е популистичка. На почеток ми беше глупава, ама почнав да скенирам и не, не сум опседната со тоа и не ми одзема многу време од животов. @Abeja Секако дека им е за гласови, ама ја користам и пак нема да ги гласам. Кога веќе постои, нема да ми дојдат лошо парите колку и да се.
Мене па не ми е јасно како луѓево во се нешто наоѓаат негативно. Дека не ни е сјајна државата тоа ни е јасно и има еден куп други теми за разглабање на таа тематика, ама темава е за враќање на ддв и не ми е јасно што негативно најдовте тука? Ако не ви чини не скенирајте и готово. Коментарите од типот не замајуваат со ова, луге се опседнувале со скенирање и слично - стварно не можам да ги разберам. Ако може некој да ви влијае на вашето мислење со дополнителни макс. 600 денари месечно или да ви поттикне опсесија - вие имате друг проблем. Јас скенирам, не се опседнувам и не ми е никаков товар - ги скенирам само поголемите фискални обично што е две секунди работа и тоа не ми менува ништо во животот освен што си добив 1800 денари што нема да ме оправат сигурно ама ми дојдоа добро - ке си се почастам нешто и тоа е тоа. Многу комплицирате стварно
Нема потреба од пријавување. До 20-ти декември треба да се исплатат. Прочитав во една група, членка се јавила во ујп,така и рекле.
Да, првенствено така беше, ама изгледа не можеле да стигнат до денес за сите да исплатат, па се продолжи. И јас уште чекам Не дека се многу пари де,ама сепак, добродојдени ќе бидат. За второто тромесечие дупло имам(ако ги дадат)
Прво беше до 1 ќе бидеме исплатени, па до денес, па до 20, па до година здравје. Како принципиелно си скенирав, нема пари кај мене се уште.
Кажаа од 6ти па се до 13ти. Имаше на фб на премиерот, на мојддв, на директорката на ујп. Многу има што не добија.
Сестра ми и зет ми немаат уште добиено, на мајка ми и на свекор ми немам проверено. И јас знам дека денес е последен ден, дајте линк каде пишува дека е до 20ти.
Штотуку се јавив во УЈП,во тек е исплатата на ДДВ и денес е последниот ден .Така бев информирана. Во случај да нема прилив на трансакциска,треба секој заинтересиран да се информира по е маил.Има по конкретно објаснување на страницата на УЈП.
Ова изгледа на сите различно кажуваат. На која страна, на веб не најдов ништо. И на мајка ми и немаат префрлено..
Сакам да скенирам, инсталирав мојддв апликација, демек се регистрирав во ујп, и ми вика дека треба да одам да поднесам барање за регистрација во даночно. Така треба?
Едит: Се јавив и јас ми рекоа пролонгирано е до нова година. Така да не знам што се случува Појма немаат што зборат