Нема да пуштат пари,само бадијала се замарате тоа е лага..пуштаат само на дел од нивни луѓе и толку ке биде..еве ни мене не ми пуштиле,но кому му е гајле не се замарам
Незнам,но јас познавам многу луѓе што се партиски на сдс и не им пуштија ништо,тоа дека партиски пуштаат пари се зезам малку,но како и да е мене тие пари ништо не ми значат,скенирав повеќе од забава,и не очекувам дека ке добијам нешто за возврат.
Аман бре, луѓе, се напнавте. Ете кажале дека до 31-ви месецов ќе има исплата. Почекајте дотогаш, после зборете.
И мене ми легнаа 1800 ден. И од второво тромесечие уште 1800 ќе ми легнат на наредната исплата, сега скенирам и од кај татко ми оти мојот лимит е поминат. Не дека е многу, ама ќе се почастам нешто со тие 3600 ден.
Најмалку колку може да ми вратат за едно тромесечие? И, еден месец мора да скенирам најмногу до 600 денари за поврат?
Фала ти многу Имам уште едно прашање. Јас скенирам од профилот на мајка ми и на нејзината трансакциона стигнаа месецов пошто таа ја напишав. Е, сега, сакам да ја сменам и да ја ставам мојава. Да не ми прават проблем случајно и дали треба тоа да го пријавам во УЈП?
Го поминав лимитот за претходниот месец, дали тие пари ке ми ги дадат или ке бидат префрлени за наредното тримесечије? Што со тие пари?
Подобро направи нов профил, со ново корисничко име и скенирај во твое име и со твоја сметка. Така сигурно ќе немаш проблем.
Под новогодишната елка... Секој заслужува да се чувствува сигурно. Сакам и јас. Исто после, можело тенис да играм и други екстремни спортови. Баш би сакал. Ти благодарам.
https://etax-fl.ujp.gov.mk/ Регистрирај се овде. Пријавата ќе ти ја пратат на меил, треба да ја испечатиш и да ја однесеш во УЈП. 5 минути работа е таму, само ќе им ја оставиш на шалтер и ќе си завршат работа.
Не може да ја ставиш твојата трансакциска на нејзиниот профил, прашував и јас дали може така. Мора да си направиш твој профил.
Не е услов да си вработен, секое полнолетно лице може да се регистрира. Еве и @Dream-Girl скенира иако е студентка.
Ден у живот немам работено, па скенирам и ме исплатија 1800ден. Иначе да, @GirlRose може секој над 18 да скенира. Порано беше над 15 ама сменија сега.