Па нели мора да си пријавен во ујп, за да можеш да се најавиш. А за да се пријавиш во ујп, треба да имаш било какви примања во тековната година ? Не е вака? Или нешто грешка сум?
Може кој сака да направи профил мислам, но не сум сигурна. Плус не те прашуваат у УЈП дали имаш некои примања, бар мене тогаш не ме прашаа.. Јас имав направено случајно неколку дена пред тоа заради тоа што требаше да ми стигне парична награда дека бев првенец на генерација, па и да пријавам данок у УЈП за истото нели. Случајно така ми се погоди, па си го искористив профилот и за ова.
Тоа да. Муабетов ми беше, дека ако немаш никави примања, не гледам причина зошто некој би се пријавил. Ако не си пријавен, со сигурност не можеш да се најавиш на апликацијата. И да имаш пополнето сѐ онлајн, ако истото го немаш испечатено и однесено во ујп, џабе е
Секој еден би требало да си има свој профл во УЈП за да ако има некој прилив пари да си пријаве данок За да не се чека ко до сега писмо по пошта секое известување да доага на емаил адреса без разлика дали имаш приливи или немаш може годинава немаш приливи а би имала после 3 години и ке треба да пријавиш данок затоа треба да си има секој еден профил без разлика вработен или не
Досега околу 60 % од граѓаните се исплатени ќостанатите ке се изплакаат до крај на месец имаат технички грешки на почетотко коа почнавме да скенираме тие шо немавме внесено трансакиони сметки е тие сме тие неисплатеите ,што отпосле стававме трансакциони
Па за да земаш поврат на ДДВ Не, сериозно, не знам зошто толку одбивност/страв од пријавување во УЈП. Кога и да е, некогаш ќе мора да се пријавите. А, за криење приходи, ако сакаат да ти откријат-ќе ти откријат. Сите податоци се поврзани и лесно достапни.
Нема врска, јас во септември дури првпат внесов трансакциска, па на вториот исплатен ден добив поврат.
Нема врска. Мајка ми уште нема, исто и другарка, а од самиот почеток си имаат внесено точна трансакциска.
мене тоа вработена во Ујп ми го кажа јас сеуште немам пуштено пари ни на мојот ни на маж ми профилот ми се јавија од ујп дека имам грешка сметка внесено ја проверив и точна си е сметката незнам шо сеа
Од старт имам внесено точна сметка и се. Значи не ми е за парите, али мора ли се во државава со технички грешки да е. Тоа многу збори за кадарот кој зема државни пари за плата
Секое лице со навршени 15 год може да скенира. За да учествува во мој ДДВ наградната само лица со навршени 18 год. Сепак кога ја отвараш новата апликација имаш поле дали сакаш да учествуваш во наградната игра.
Напишаа погоре повеќе пати дека рокот е продолжен. Знам дека сте нетрпеливи, ама кажано е дека сите ќе бидат исплатени, почекајте.