Мене лично не ми смета меркава. Ама не гледам што тоа прототипниот граѓанин ќе ќари, само го залажуваат да собира ѓубре од фискални. Срамота е и греота за луѓето.
Како за иден студент и 400ден плус нема лошо да ми дојдат. Ќе скенирам, битно да капне нешто од некаде.
Ќе речам си најдов 1000ка на улица Леле страв да ти е да те помогнат твои и родители на сопругот. Како што ни лепат пари за родендени, леле ами сега со дете крштенки, родендени повојници се што ќе даваат пари како ќе ги правдаме? Зезнато ова бе
Ќе испадне Македонската, зима 300еур, а троши 500. 90% што ги знам така се, вклучувајќи не и нас дома. Не прашувајте како Ама има финта и за тоа. Ќе си пресметувам и ќе скенирам максимум колку што се примањата на сметка. Не ми се свири на клавир за 100еур горе доле. Ние ситните риби ќе го јадеме најмногу, големците нема да ги задеваат.
Нaј aрнo е бoлните децa дa дoбивaaт гaрaнтирaни средства oд буџетoт. Пoлитичaрите дa рaбoтaт oд дoнaции преку смс. А дaнoците дa се нaмaлaт.
И ја проверив сега уште ја нема. Од утре ваљда би ја имало, понеделник е, таман мислам би ја пуштиле за употреба.
Од учне стартува така?? Што треба да направуме слушв на тв ама не разбрав баш ќе има некаква апликација?
Ја има апликацијата, ја само шо ја симнав. Некој шо појше се разбира у економија, како ќе иде ова отприлика, мислам еве моментално 1800 имам од сметки од утринава што ги скенирав, како му доаѓа, колку ДДВ повраток грубо? Мислев ќе пишува таму за некои со слаба математика ама ништо.
Колку фискални треба да собериш? Можеш секој ден да прикачуваш скенирани фискални или прво треба да ги собереш сите? И пример, дали овој месец ќе треба само од јули фискални или може и од минати месеци? Не сум во тек.
Од денеска само мислам. Мене ми се погоди сабајле поголема сума да плаќам за лекарско вадење и ми ја прифати, се најнормално, ден, датум и место пишува и износ на сметката, има нешто како архива. Мислам дека може колку сакаш фискални, кога сакаш, само една поединечно да не е над 30 илјади. Бар така разбрав. Ама кој ќе праи па толку висока сметка...
А враќањето на пари како оди? За секоја прикачена сметка веднаш се враќаат парите или на крај на месец за сите заедно?