Дали фискалните сметки со датум од 22.12.2019 до 31.12.2019 ако ги скенирам од 01.01.2019 до 10.01.2019 ( бидејќи нели важат 10 дена), дали ќе ми бидат прифатени во следното тримесечие, бидејќи веќе го имам исполнето лимитот за ова тримесечие ? Ве молам одговор...
Не. Претходното тромесечје ги чував и на 01.10 ги искенирав и не ми отидоа во наредно тромесечје туку ми останаа во првото како надминат износ.
Фали ти за одговорот @Lolipop23 Малку се разочарав Сакав деновиве да си купам нов смартфон и фискалната да ја скенирам после Нова Година ама и ова не било можно...
Од 01,01,2020 почнува новото тромесечие сметка скенирана на 01,01,2020 ке ја скенира во новото тромесечие така да ако сега ти е фанат лимитот од 1800 ден на 01,01 ке можеш да ги скенираш сметките најдоцна од 22,12,2019
Дали зборуваш од искуство? Еве јас ти кажувам дека сметка од крај на 9ти месец скенирана на 01.10 ми ја пресмета во прво тромесечје.
Да, спрема датумот ги рачуна у тромесечие у периодот у кој се. Само сметки направени од 1 јануари ќе се за од новото тромесечие.
citam, se raspravate za smetkopotvrdi, kako sto kazav izdavam smetka od mojata firma, a potrosuvacite ne gi zemaat, dali zakonot veli da ne gi skeniram od mojot profil?
Пополнив три профили. Ја реновиравме дома куќата, сите беа со 18 % ДДВ(градежни материјали, бела техника ... )Ќе си почекам до 1 јануари најдобро Пред неколку секундиРЕДАКТИРАЈИЗБРИШИПРИЈАВИ
Им префрлија дома, да. Уште на почетокот кога беше. Татко ми имаше 1000ка, мајка ми 1200. И ја скенирав и стигнав до лимитот пак, сега на моиве им ги давам сметките.
Окк Јас скенирав само во сеп и 900 ден ... Јули и август не ... па уште не ми се префрлени ... Иначе вујко ми работи во ујп и ни кажа доколку имаме надминато (над 1800 ден) ќе се префрлеле во наредното тримесечие.
јас колку што читав доколку надминеш од еден месец повеќе од 600 се префрла во нареден а од едно тромесечие во друго мислам дека пишуваше дека не се префрла
Јас сто пати го прашав и истиот одговор го добив ... ми се насмеа и ми кажа дека во денот по сто пати го прашуваат за ова и дека се префрлувале ...сто посто било точно ... Баш ме интересира дали стварно ќе е така...
јас имав надминато од првото тромесечие многу... хахах не видов дека ми се префрлија морав одново да си исполнам за новото тромесечие освен ако е нешо шо не го пишува на апликацијата тогаш можно еее ке видимее
Одредбите од овој закон не се однесуваат на фискалните сметки за кои е издадена сметко-потврда, фактура или друг документ издаден кон правно лице, трговец поединец, физичко лице кое врши самостојна дејност и физичко лице регистрирано за цели на данок на додадена вредност. Дали имате купувано мебел, санитарија... за кои ви издале покрај фискална и испратница или сметко потврда и дали може тие фискални да се скенираат? Според законот тие фискални не се скенираат
Ако е твоја сметката, можеш да ја скенираш. Ако сметката ја даваш во фирма (и државата и прави повраток на ДДВ на таа фирма) и та ти враќа пари на сметка, тогаш неможеш да ја скенираш. Пример: полниш бензин во службена кола и ја носиш фискалната со сметкопотврда на работа за да ти пуштат пари на сметка колку што си дал од џеб. Е, оваа сметка несмееш да ја скенираш. Spoiler: Еве кратко објаснение Граѓаните кои ќе се обидат да побараат поврат на ДДВ со скенирање фискална сметка издадена со сметкопотврда за потребите на фирма, наместо пари, од Управата за јавни приходи ќе добијат казна. Од УЈП појаснуваат дека со таквите сметки издадени за набавка на гориво, канцелариски материјал и слично компаниите си бараат и добиваат поврат на ДДВ. Доколку и вработениот во фирмата кој ја врши набавката ја скенира со својот мобилен телефон, без разлика дали е службен или мобилен, прави прекршок, зашто во тој случај за една сметка два пати се бара поврат на данок.