За цели 3 месеци се утепавме од скенирање и на крај поврат само 900 ден , по 300 за секој месец А Зајко викаше секое семејство на крајот на годината ќе му бидат вратени 500€ , значи излажа и тоа како !
И моите као скенирале 'нешто'. На едниот 170 му вратиле данок, на другиот цели 300. За денари зборвам
Жива катастрофа не вреди да се срамиш да бараш сметка бидејќи во некои продавници не ја даваат ако не ја побараш или воопшто немаат фискални каси
Зависи што сте скенирале. Ако сте скенирале сметки кои имаат 5% ДДВ или немаат воопшто, секако дека нема да успеете да ги добиете тие 1800 денари. И секако, зависи колку сте скенирале. Ништо не е лага, можеш и сама да си пресметаш колку ти следува. Да напоменам дека не сум партиски определена, ниту некогаш ќе бидам, аko тоа нешто значи
Инаку може да се стигне до сума од 500 евра годишно. Ако во 4 члено семејство СИТЕ четворица скенираат секој месец приближно по 40.000 ден. Значи треба да потрошат околу 160.000 ден месецот. При тоа артиклите да се пола со 5% а пола со 18% данок. Ако имам да трошам 160.000 ден секој месец , нема да ми падне напамет да скенирам сметкички
Не треба да се срамиш да бараш сметки, должност нивна е да ти дадат. Ја скенирам, зијан не може да си, па и со 100 денари да земеш. Ни 1800 денари не се нешто којзнае што, ама убаво ми дојдоа предновогодишно.
Тоа викам и јас ова е само мижи да те лажам.За да имаш поврат на ддв 500€ годишно , треба да трошиш по 2500€ месечно а ако имаш толку пари срамота е да се бламираш со скенирање Викаш должност било да ми даде , а што ако воопшто не издава фискална сметка и треба јас да се тепам.Има средини каде што тоа не функционира, а државата за тоа не води грижа, т.е Инспекторите не работаат или работаат за свој џеб, т.е. одат кај трговечот он им дава готовина за у џеб и така Волкот наситен и овците на број. Инаку не дека некој ќе биде зијан од скенирањето ама само залажување е за жал
Е драг мој Македон, тоа е и целта не сето ова, да си бараат луѓето фискални сметки и да ги избегнуваат маркетите и продавниците каде не се даваат сметки или кои не се обврзници на ДДВ Ако за тебе е жива катастрофа да ти вратат месечно 600 денари, т.е. за тримесечие 1800 денари, на многу од нас им значат тие пари
600 ден Не се малку. Многу се 40 те иљадарки што треба да ги потрошиш за да ти се вратат 600 ден. Ама како и да е . БоЉе ишта него ништа
Е моја драга рефке и самата знаеш со месечни примања како нашиве дали може да имаш поврат месечно од 600 ден.Ај кажи ми колку треба да потрошиш во еден месец за да имаш 600 поврат(по глава) Не верувам дека со скенирани сметки од плата која изнесува еве да кажам 25 000 ден просечна значи и дали ќе можеш да собереш 600 ден ддв поврат. Или евентуално треба да бркаш по контејнери каде што се фрлаат фискалните сметки од маркетите ,кои што не се зенмени од купувачите.
Ако сметките ти се само од храна и производи кои се со 5% ддв, тогаш на рамно 80.000 ден треба да скенираш, за да добиеш назад 600 ден
Епа колку тошиш-толку. Претходно и 100 000 да потрошеше не даваа ни денар Сега колку-толку, ќе вратат нешто.
Кажи ми колку теба да потрошиш во еден месец за да ти вратат 600 ден. Не ме прај дека не знам ништо еве ти доказ за еден месец колку сум скенирал и колку ми вратиле
Израчунај си сам, еве гледам дека знаеш да есапиш. КОлку ке си скенираш-толку ке ти вратат. Проста математика. Ако си снаодлив и си земаш сметки кои некој не ги скенира, тогаш ќе си имаш 600 денари поврат. Мајка ми, татко ми си пазарат, нескаат да скенираат, ми ги даваат и си стасувам до 600 денари. Кој ти пречи да земеш фискална оставена на каса во Веро на пример?
Кажав веќе. 100 ден да се , ќар си. Само кој ќе го слуша Заев сега- Во секоееее 4 члено семејство враќаме по 500 евра годишно. Зошто јас навистина Не верувам дека има кај нас такви фамилии Како и да е, овој чекор е за поздравување. Нека капка, не мора да тече
Откако бидна прва исплата сум приметила дека нема веќе фискални оставени на каса. Плус, продавачките почнаа сами да си ги прибираат.